Изгубена генерација: Зголемен бројот на самоубиства кај младите поради пандемијата

Лани самоубиството беше втора водечка причина за смрт кај младите, а во ерата по пандемијата ЕУ треба да посвети поголемо внимание на акумулираните проблеми на европската младина, рече пред Европскиот парламент Драгош Пислару, член на Комитетот за вработување и социјални прашања.

Откако во декември Европската комисија ја прогласи 2022 за Европска година на младите, пленарната сесија на ЕП ја отвори првата дебата за конкретни младински прашања, со посебен фокус на менталното здравје, вработувањето и социјалното закрепнување во постпандемиската доба.

Според европратениците, младите се една од групите кои се особено погодени од пандемијата, која значително ги намалила нивните можности за образование и вработување, го нарушила нивниот социјален живот и, следствено, нивното ментално здравје.

Важно е сериозно да се сфатат младите луѓе

„Важно е да се работи на проблемите со менталното здравје и сериозно да се сфатат младите луѓе бидејќи самоубиството беше втора водечка причина за смрт во ЕУ во 2021 година“, предупреди пратеникот на романската либерална партија Пислар, кој беше задолжен да поставува усни прашања за надминување на последиците што пандемијата ги остави на младите.

„Ги замолуваме младите да бидат храбри, да истраат, да учат подобро и повеќе без човечки контакт, на далечина и да работат, честопати неплатени или многу недоволно платени (...) Бараме од нив да протуркаат без оглед на стравовите и екстремите замор. Потфрливме како општество бидејќи не признавме дека на младите во Европа им е многу тешко во моментов, ги туркаме преку работ“, рече Пислару во своето излагање.

Тој предупреди дека на младите не им даваме доволно надеж, туку им поставуваме сѐ повеќе пречки.

„И тогаш сме шокирани кога дознавме дека самоубиството беше втората водечка причина за смрт меѓу нив во 2021 година. Сепак, ние сè уште не се занимаваме доволно со менталното здравје на младите луѓе, а ризикот со кој се соочуваме повеќе не е локдаун генерација, туку навистина изгубена генерација“, рече романскиот пратеник.

Извештајот на УНИЦЕФ од октомври 2021 година предупреди дека самоубиството е втората водечка причина за смрт кај младите во првата пандемиска година.

Во него се наведува дека кај момчињата на возраст од 10 до 19 години, стапката на смртност предизвикана од самоубиство е повеќе од двапати поголема од онаа на девојките, а само во сообраќајни несреќи загинале повеќе млади луѓе на возраст од 15 до 19 години.

Во Европа секојдневно се губат по три млади животи поради ментални здравствени проблеми, посочува УНИЦЕФ во извештајот The State of the World’s Children 2021: On My Mind.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Свет

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Read more

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Read more

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе