Излезе на македонски книгата за деца Фудбалски сон од Линеке Дајкзул

Во издание на Бата прес се објави книгата за деца и млади „Фудбалски сон“ (Aan de bal) од познатата холандска авторка Линеке Дајкзул. Романот од холандски на македонски јазик го преведе Ели Пујовска. Објавувањето на ова дело е подржано и од Холандската фондација за литература и е во рамките на проектот „За нивната иднина“ со кој Бата прес, во текот на оваа и во наредната година со поддршка од Европската Унија, во програмата „Креативна Европа“ ќе објави 15 книги за деца и млади.

Ова е книга за фудбалот во која при читањето ќе уживаат дури и оние што не сакаат спорт. Се чини невозможно, но така е.

Момчињата Рахман, Тигани и Хенри имаат талент, што значи имаат некаква шанса да избегаат од големата сиромаштија во нивното село, во Африка. Нивниот тренер има контакти во фудбалски клуб во градот и ќе ангажира скаут да дојде и да види колку вешто тие можат рачно изработената топка да ја шутираат и водат по прашината.

Само Рахман ќе ја има потребната сила на карактерот за да се пробие. По трансферот во Холандија, кога Рахман ќе се врати во селото, носејќи кул патики и нови алишта, ќе сфати дека никој повеќе не го гледа како Рахман, туку се фокусираат на неговите пари и неговиот успех. Ама и тој е сменет.

Токму оваа драма го прави романот „Фудбалски сон“ толку силен. Дајкзул не пишува за фудбалот бидејќи е убава игра за момчиња, туку затоа што има важна порака. Оваа волшебна приказна зборува за големата жртва што понекогаш ја бара амбицијата.

Холандската писателка Линеке Дајкзул (Lieneke Dijkzeul) е родена во 1950 година. Таа е авторка што е најпозната по своите детски и тинејџерски книги. Нејзините романи „De tweede vioo“ (Втората виолина, 1991), „Een muis met klauwen“ (Глувче со канџи, 1993) и „Kortsluiting“ (Краток спој, 1996) беа во најтесен избор на жирито за Холандската награда за детска литература. Во 2006 година ја објави својата прва книга за возрасни, психолошкиот трилер „De stille zonde“ (Тивок грев). Во 2007 година го објави продолжението „Koude lente“ (Студена пролет), втората книга со Пол Вегтер како главен лик. После големиот успех со овој серијал, ги напиша и продолженијата „De geur van regen“ (Мирисот на дождот, 2009), „Verloren zoon“ (Изгубениот син, 2011) и „Wat overblijft“ (Она што останува, 2012).

реклама

Голем месечен хороскоп за декември 2023

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Зошто треба да јадете кисела зелка цела зима?

Read more

Откриено дека црната дупка во центарот на Млечниот Пат ги искривува времето и просторот

Read more

Книги

Летен список за читање

Read more

Васил Ханџиски утре ја промовира „Сложувалка“ во „Буква“

Read more

Почина познатиот чешки писател Милан Кундера

Read more

Од печат излезе Варшава го исцртува Скопје од Кинга Нетман-Мултановска

Read more
 

Магазин

Голем месечен хороскоп за декември 2023

Читај повеќе

Три најчести митови за СИДА и ХИВ

Читај повеќе

Секојдневни навики со кои го оштетувате имунитетот

Читај повеќе
  • play_arrow

70-годишна жена од Уганда роди близнаци

Читај повеќе

Најдобри зеленчуци за слабеење кои може да се комбинираат со многу јадења

Читај повеќе

Финансиски хороскоп за 2024: Кој знак ќе плива во пари, а кој ќе има празни џебови?

Читај повеќе

Најдобриот антиинфламаторен пијалак за подобрување на имунитетот

Читај повеќе
  • play_arrow

Со едноставен трик лебот ќе остане свеж многу подолго

Читај повеќе
  • play_arrow

Десерт на денот: Торта со макарони

Читај повеќе