Излезе од печат „Своја“, првиот роман на Ирена Чаушевска напишан според вистинска приказна

Со издавањето на книгата „Своја: За најважните работи во животот за кои никој не нѐ подготвува“, Ирена Никола Чаушевска од минатата недела се вброи и меѓу македонските писатели.

– За ова кусо време „Своја“ допре до над стотина читатели, а според досегашните впечатоци станува збор за уникатно четиво кое треба да биде водилка за секоја девојка и жена на патот на остварување на личниот и професионален успех и среќа, и надминувањето и на најтешките животни предизвици и премрежја, вели тимот на „Своја“.

Ирена Чаушевска е позната во јавноста како жена претприемач која над 10 години води сопствен бизнис, соосновач и директор е на NewMan's Business Accelerator, а веќе осум години го организира и натпреварот за технолошки иновации NASA Space Apps Challenge.

– Книгата опфаќа неколку различни, но тесно поврзани сегменти и животни предизвици низ кои неминовно поминува секоја девојка и жена во својот развој, а за кои нема никаков формален или неформален прирачник и покрај нивното огромно влијание врз квалитетот на живот. Таков е изборот на блиските пријателства, на средно и високо образование, на првото вљубување, огромната улога на изборот на животен партнер врз среќата и менталното здравје, станувањето мајка, изборот на кариера како одредник на животниот стил и можностите за заработка, но и справувањето со неуспесите и загубите кои ги задава животот. „Своја“ ја покажува и можноста за целосна трансформација на жената и нов почеток доколку некои работи отишле во погрешна насока или едноставно не се повеќе тоа што го посакува, се вели во соопштението.

Според авторката, „Своја“ има две главни цели. Првата е да превенира, односно да им помогне на помладите со очи широко отворени да чекорат низ животните предизвици, но и да најдат начин да ги надминат загубите, да не западнат во самосожалување и депресија и да се изборат за среќа. Втората е да поправи и да обнови, и е насочена кон малку повозрасните кои можеби веќе направиле некои погрешни избори во животот. Целта е да им покаже дека има светлина од другата страна на тунелот, и да ги насочи како повторно да го изградат својот живот во нова и многу поубава верзија.

– Оваа книга е одлично четиво и за мајките на девојчиња кои се во формативен период од развојот, и ќе можат да ја искористат „Своја“ за подобро да ги препознаат битните моменти, и да се подготват себе си што поуспешно да ги поддржат на нивниот пат кон станувањето возрасни девојки и жени, и да ја избегнат опасноста поради определени погрешни избори да влезат во врска или брак со насилник, или пак да бидат заглавени во кариера која не е прилагодлива на барањата на новото време или во која не можат да се реализираат, стои во соопштението.

Очекувањата на авторката се дека романот ќе поттикне и поставување на многу нови прашања, и помеѓу родителите и децата, и помеѓу партнерите, а и на секој сам со себе, кои никогаш претходно не биле поставени. А со новите прашања, ќе се дојде и до нови многу поискрени одговори. Ирена се надева дека „Своја“ ќе поттикне и многу млади девојки и жени да го следат својот сон, да се охрабрат и да влезат и во таканаречени машки професии поврзани со креирање на политики, развој на иновации и нови технологии, и да бидат активни креатори на решенија за иднината.

– Позитивно изненадува и фактот што уште на самиот почеток книгата има и мажи читатели, со оглед дека поуките од „Своја“ во голем дел се и универзални, вели тимот на „Своја“.

„Своја“ е достапна за онлајн нарачка преку веб страната www.sitemoizivoti.com со можност за достава до било кое населено место, како и во книжарниците на Сакам книги, Литература и ТРИ, а и во кафе-пекарата La-Noi.

– Со желба Своја“ да ја доближиме и да ја претставиме на пошироката јавност одлучивме во следните 4 седмици да организираме „Интимни разговори со авторката“, разговори кои ќе бидат посветени на различни сегменти од приказната раскажана во СВОЈА, кои во овие услови на светска пандемија ќе се реализираат целосно онлајн. Средбата со авторката ќе се организира во среда, на 25 ноември, а гостинка ќе биде и д-р Аспазија Софијанова, директор на Детската Клиника во Скопје и долгогодишен експерт за неонатална грижа на предвремено редените бебиња со кои ќе разговараме на нашата прва тема: „Предвремено породување – што да очекувам“, наведуваат во соопштението.

Во следните седмици, додаваат, ќе следат вебинари на уште три теми: Вистински животен партнер – како да го препознаам (2 декември, среда), Насилство во домот или развод – што да направам (9 декември, среда) и Кариера или свој бизнис – од каде да почнам (16 декември)

Дел од профитот од продажбата на книгата, како што посочуваат, ќе биде наменет за поддршка на жени жртви на семејно насилство. Дополнително, преку својата Фондација Голдилокс, авторката заедно со тимот ќе работи и во делот на вклучување на што повеќе млади девојки и жени, особено од руралните средини, во процесот на СТЕМ едукација и стекнување на претрпиемачки вештини, како начин да изградат поголема самодоверба и самостојност и помудро да ги носат клучните животни одлуки.

Тагови
реклама

Утре дожд во пролет, ќе има и грмежи и силен ветер

Read more

Неколку совети како побрзо да ги исушите алиштата дома

Read more

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Read more

Кривични за директор и членови на комисии од Охрид и од Струга

Read more

Култура

Концертот на Мариа Мендеш и Националниот џез оркестар ќе биде хуманитарен

Read more

Изложбата „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“ поставена во Чифте амам

Read more

Светска премиера на симфониската суита Итар Пејо во Филхармонија

Read more

Женското рели денеска ќе ги размрда улиците во Скопје

Read more
 

Вести

ЗНМ: Неприфатлива е хајката на социјалните мрежи против Митовски

Читај повеќе

За 5 часа поради низа неправилности затворени се 16 угостителски објекти во Тетово и Гостивар

Читај повеќе

Македонија е со најниска просечна плата во Европа

Читај повеќе

Мирни собири за оддавање почит и барање одговорност за трагедијата во Кочани

Читај повеќе

На државава ѝ фалат инспектори, во ДПИ има само 40 за сите градови

Читај повеќе

За трагедијата во Пулс тројца поранешни градоначалници на Кочани и уште 21 лице завршија во 30-дневен притвор

Читај повеќе

Возел низ Скопје со над 100 км/ч и без важечка возачка дозвола

Читај повеќе

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Читај повеќе

Денес врнежи од дожд и умерен ветер

Читај повеќе