Продукциската куќа „Охо“ денеска го пушти официјалниот тизер трејлер за 5. сезона од македонската хит-серија „Преспав“.

Од она што може да се забележи, улогите ги репризираат Јелена Јованова (Јелена), Игор Ангелов (Коста), Игор Стојчевски (Тони), Игор Џамбазов (Миле), Тијана Дапчевиќ (Ула), Васил Зафирчев (Марио), Горан Стојановски (инспектор Томе) и Дритон Вејсели (Талат), а во серијата се враќа и Владо Јовановски кој ја играше улогата на Миле во првата сезона. Тој во новата сезона ќе глуми лик по име, исто така, Миле.
Во трејлерот ги нема ликовите на Наим (Адриан Азири) и Дончо (Владимир Тулиев), па останува да видиме дали ќе бидат и понатаму во серијата или не.
Она што е ново е ликот на Натали, стилист во пансионот Преспав.
Серијата своето продолжение ќе има од 18 декември на МРТ.