Кејт Бланшет веројатно не е сосема навикната на критиките што ги доби нејзиниот последен блокбастер Borderlands.
Адаптацијата на истоимената видеоигра има мизерни 10% на Rotten Tomatoes, а и критичарите воопшто не беа благи кон неа. Сепак, славната актерка сега се врати во полн сјај во психолошкиот трилер Disclaimer*, кој ќе биде објавен на 11 октомври на платформата Apple TV+.
Режијата ја потпишува оскаровецот Алфонсо Куарон, кој појасни дека се работи за трилер во седум поглавја. Заплетот ќе ја раскаже приказната за Кетрин Рејвенскрофт (Кејт Бланшет), исклучително успешна новинарка која крие тајна за нешто што се случило кога била многу помлада.
„Кога ќе го добие интригантниот роман напишан од Стивен Бригсток (Кевин Клајн), животот на Кетрин ќе почне да се расплетува“, се вели во синопсисот на филмот.
Трејлерот јасно покажува дека таков заговор, кој вклучува откривање на мрачна тајна, ќе доведе до некои непријатни моменти помеѓу Кетрин и нејзиниот сопруг Роберт (Саша Барон Коен) и нивниот син Николас (Коди Смит-Мекфи).
Disclaimer* имаше премиера на филмскиот фестивал во Венеција, каде доби петминутен аплауз.