Излезе трејлерот за новиот филм на Клинт Иствуд „Cry Macho“

Клинт Иствуд се враќа на сцената со „Cry Macho“, чиј официјален трејлер беше објавен од Warner Bros Pictures.

Познатиот режисер-продуцент во филмот го глуми Мајк Мајло, некогашна родео ѕвезда и пропаднат одгледувач на коњи, чиј поранешен шеф ќе го ангажира да го донесе син му дома од Мексико, каде западнал во неволја.

Принудени да патуваат по споредни патишта до Тексас, несекојдневното дуо се соочува со неочекувано патешествие во кое ликот на Иствуд ќе најде поврзаност со младичот и ќе го осознае чувството на искупување.

Remote video URL

„Cry Macho“ ќе има премиера на 17 септември 2021 година во САД и на HBO Max со планот без реклами, а ќе биде достапен на HBO Max 31 ден од кино-премиерата.

Филмот е прва актерска улога на Иствуд по „The Mule“ од 2018 година. Кариерата на 91-годишниот холивудски великан датира од 60-тите и го направи икона на машкоста, почнувајќи од неговите вестерн шпагети хитови до „Dirty Harry“ and „Gran Torino“.

Во „Cry Macho“ играат и Едуардо Минет во улогата на младичот Рафо (ова му е деби во долгометражен филм), Наталија Травен како Марта, и Двајт Јоакам како поранешниот шеф на Мајк, Хауард Полк.

Во актерската екипа се и Фернанда Урехола како Лета и Хорасио Гарсија-Рохас како Аурелио.

Иствуд, кој е еден од продуцентите, исто така и го режираше филмот, по сценарио на Ник Шенк и Н. Ричард Неш, базиран на романот на Неш.

реклама

Нови шокантни детали од Ковачки: Безбеден град го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Read more

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Филм & ТВ

Психолошкиот трилер со Џулија Робертс и Итан Хок пристигна на Netflix

Read more

Дали ќе добиеме филм и за Кен?

Read more

Габриела Спаниќ изгледа непрепознатливо по бројните козметички зафати

Read more

Netlix ја најави втората сезона на реалното шоу Squid Game

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Психолошкиот трилер со Џулија Робертс и Итан Хок пристигна на Netflix

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали ќе добиеме филм и за Кен?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Габриела Спаниќ изгледа непрепознатливо по бројните козметички зафати

Читај повеќе
  • play_arrow

Netlix ја најави втората сезона на реалното шоу Squid Game

Читај повеќе

Раперот Пи Диди е обвинет за групно силување на 17-годишна тинејџерка

Читај повеќе
  • play_arrow

Николас Кејџ се збогува со филмската кариера: Кажав сè што имав да кажам

Читај повеќе

Анџелина Џоли повторно ќе биде Maleficent

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои се најдобрите филмови и серии за 2023 година според IMDb?

Читај повеќе
  • play_arrow

Сè што е погрешно со Fast X

Читај повеќе