Објавен е трејлерот за последната епизода од познатата и моментално најпопуларна серија на HBO, The Last of Us, а изгледа дека гледачите се многу возбудени за исходот од првата сезона.

Иако трејлерот е многу краток и не открива речиси ништо што би можело да го навести финалето на сезоната, јасно е дека Џоел и Ели ќе влезат во непријатна борба на нивниот пат да најдат лек за чумата.
Оние фанови кои ја играа видеоиграта на која се базира серијата веќе многу добро знаат што следува и како ќе се одвива првата сезона, па предупредија за она што следува во коментарите под видеото објавено на YouTube.
„За сите вас кои првпат ја доживувате оваа приказна. Не сте подготвени како ќе заврши оваа сезона. Се колнам“, напишал еден фан во коментарите, додека друг додал: „Само замислете што ќе се случи кога ќе видат што ќе се случи во втората сезона“.
„Мислам дека серијата е добро направена, но во играта врската помеѓу Ели и Џоел е многу поизразена и пофлуидна. Сè што се случуваше во серијата не остави толку многу емоции како во играта“, е еден од коментарите.
„Бела Ремзи рече дека серијата ќе заврши на контроверзен начин. Не знам што им се подготвуваат и дали го сменија заплетот во однос на играта, но се надевам дека не претерале“, коментира друг корисник.
Последната епизода од сезоната ќе се емитува на HBO и HBO Max в недела, 12 март.