Изливите на гнев и претераното вежбање може да предизвикаат мозочен удар

Во една студија неодамна објавена во European Heart Journal of the European Society of Cardiology, тим меѓународни истражувачи проучувале повеќе од 13.000 пациенти во 32 земји кои доживеале мозочен удар, како дел од студијата Interstroke.

Користејќи „пристап на вкрстени случаи“, тимот се обиде да утврди дали активаторот во рок од еден час од почетокот на симптомите е поврзан со акутен мозочен удар, во споредба со истиот период претходниот ден.

Анализа на активаторот

„Превенцијата од мозочен удар е приоритет за лекарите, и покрај напредокот, сè уште е тешко да се предвиди кога ќе се случи мозочниот удар. Многу студии се фокусираа на среднорочни до долгорочни ризици, како хипертензија, дебелина или пушење. Нашата студија имаше за цел да ги согледа акутните ризици кои мож да дејствуваат како активатори“, се вели во изјавата на главниот истражувач и професор Ендрју Смит од Националниот универзитет во Голвеј во Ирска.

Студијата ги анализираше моделите кај пациенти кои страдале од исхемичен мозочен удар и поретко интрацеребрално крварење. Еден од единаесет преживеани доживеале епизода на лутина или вознемиреност во рок од еден час претходно, а глобалната студија Interstroke покажа дека еден од 20 пациенти бил под тежок физички напор.

Гнев, емоционална вознемиреност и тежок физички напор

Собраните податоци сугерираат дека лутината или емоционалната вознемиреност се поврзани со 30 проценти зголемен ризик од мозочен удар во рок од еден час по епизодата - со уште поголем пораст доколку пациентот немал историја на депресија и поголема шанса за оние со пониски нивоа на образование.

Тешкиот физички напор е поврзан со приближно 60 проценти зголемување на ризикот од интрацеребрална хеморагија, ретка форма на мозочен удар што предизвикува крварење во мозокот.

Жените се изложени на поголем ризик

Имаше поголем пораст кај жените во споредба со мажите и помал ризик за оние со нормален индекс на телесна маса.

„Акутниот гнев или емоционалната вознемиреност беа поврзани со почетокот на сите видови мозочни удари, исхемичен мозочен удар и интерцеребрална хеморагија, додека акутниот тежок физички напор беше поврзан само со интрацеребрална хеморагија“, напишаа авторите.

„Студијата, исто така, заклучи дека немало зголемување со изложеноста на активаторите на гнев и тежок физички напор“, рече Смит.

Препораки за начин на живот како превенција

Тие, исто така, открија дека нема модифицирачки ефект според регионот во кој живее лицето, претходните проблеми со кардиоваскуларни болести, факторите на ризик, лековите за срце, времето или денот на почетокот на симптомите.

Коавтор и консултант во Универзитетските болници во Голвеј и доктор за мозочен удар, д-р Мишел Канаван, рече дека луѓето треба да се грижат за своето ментално и физичко здравје на сите возрасти, но додаде дека „исто така е важно некои луѓе да избегнуваат тежок физички напор, особено ако се со висок ризик од кардиоваскуларни болести, со усвојување на здрав начин на живот и редовно вежбање“.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Здравје

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Гинеколошки симптоми кои не треба да ги игнорирате

Read more

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Читај повеќе

Зошто не треба да спиете со мокра коса?

Читај повеќе
  • filter

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Читај повеќе

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Читај повеќе

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Читај повеќе