Изложба Македонија во светот на хералдиката во КИЦ - Битола

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, и 10 Јуни, Светскиот ден на хералдиката, Македонското грбословно друштво и Културниот и информативен центар – Битола организираат изложба со наслов „Македонија во светот на хералдиката“. На изложбата ќе бидат претставени над 70 грбови поврзани со Македонија почнувајќи од XIV до XXI век.

Отворањето на изложбата е на 13 септември, петок, во 19 часот во КИЦ - Битола – Офицерскиот дом.

На 10 јуни 1128 година, во Руен (сегашна Франција), англискиот крал Хенри I го прогласил својот иден зет Годфри Плантагенет за витез. Во таа пригода му бил доделен грб, на син штит, 6 златни лава 3-2-1, кој се смета за прв запис за доделување грб во историјата. Затоа овој датум се прославува како Светски ден на хералдиката.

Хералдика или грбословие  – наука што се занимава со правилата што владеат при дизајнирањето, блазонирањето (опишување, читање) на грбовите. Хералдиката е севкупност на грбови како симболичен идентитет на поединци и групи и земји.

Хералдиката е уметноста на исцртување на грбовите.

Изложбата на 35 панели се состои од два дела. Првиот дел е за историски грбови поврзани со Македонија од XIV до XVIII век, поделен во 3 дела: грбовите на Македонија од европските и илирските грбовници, на кралот на Македонија, припишаниот грб на Александар Македонски и принцот Македон од Ематија.

Вториот дел е за современи македонски грбови, поделен во 3 дела: грбови на институции и организации, општински грбови и лични грбови.

Автори на изложбата се потпретседателот Иван Нацевски и претседателот на Македонското грбословно друштво, д-р Јован Јоновски, а ликовното уредување е на Димитриј Михајловски од истото друштво, кое е единственото стручно тело по хералдика во Македонија.

реклама

Култура

На 16 јули започнува балканскиот етно фјужн фестивал Локум фест-музика и традиција 2025

Read more

Утре почнува фестивалот Охридско лето: Ќе го отвори американската пијанистка Клер Хуангчи со македонската филхармонија

Read more

Фестивалот на медитерански и балкански филм Преку езерото од 7-12 август во Дојран

Read more

Изложба на фотографии на Виктор Трајковски во Куманово

Read more
 

Вести

Трамп: Разочаран сум од Путин, но сè уште не сум се откажал од него

Читај повеќе

Димитров: ЕУ дозволи, тоа што за нас беше најважно и што го обезбедивме со Преспанскиот договор, сега да биде нападнато од Бугарија

Читај повеќе

Зеленски: Имав многу добар разговор со Трамп, му се заблагодарив за неговата подготвеност да ја поддржи Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Њујорк под вода, жителите стравуваат од големи поплави поради обилните дождови

Читај повеќе

32 секунди до катастрофа: Познато што се случило во последните моменти на Air India

Читај повеќе

Пристигна првата реакција на Русија на ултиматумот на Трамп

Читај повеќе

Трамп: Ѝ кажувам на Меланија за прекрасниот разговор со Путин, а таа ми вели дека повторно нападнал

Читај повеќе

Сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Зеленски го разреши премиерот, владата ќе ја предводи жена

Читај повеќе