Изложба на илустрации „Блаже Конески - поезија и кратка проза“

Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се приклучува кон чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската култура, Блаже Конески.

Во Галеријата на Факултет за ликовни уметности на 5 ноември во 12 часот на пладне ќе биде отворена изложба на илустрации за јубилејната книга „Блаже Конески - поезија и кратка проза“. На изложбата учествуваат авторите кои учествуваа на јавниот конкурс за изработка на илустрации: Гоце Илиевски, Владимир Илиевски, Марија Конеска, Филип Велковски, Елена Ѓорѓиевска, Иван Коминовски (кои се претставуваат со три илустрации) и наградената авторка, Илиана Петрушевска, која се претставува со 10 илустрации.

На изложбата се застапени дигитални ликовни решенија, како и традиционални ликовни техники. Третирани се вкупно 22 различни песни, од кои некои се двојно или тројно различно илустрирани.

„Илустрациите на застапените автори, вдахновени од лирскиот тестамент на Конески, меѓусебно се композициски, колористички и стилски различно третирани и интерпретирани; од миметички, преку асоцијативни, експресивни и минималистички, па сѐ до апстрактни. Во овој контекст секоја илустрација поединечно треба да асоцира или да ја рефлектира интеракцијата меѓу песната и сликата, и како што едноставно и моќно пее(ше) Конески, така треба да пеe овoj, а во иднина и некои други илустративни хорови“, вели Конча Пиркоска, историчар на уметност.

Изложбата ќе биде поставена до 19 ноември, а се одржува според протоколите за заштита од COVID-19. При влез во галеријата е задолжително носење на заштитна маска и одржување на меѓусебна дистанца.

Конкурсот и изложбата се реализирани со поддршка на Министерството за култура на РСМ.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе