Изложба на концертни и промотивни постери на Влатко Стефановски на Скопје Синема Сити

Со изложбата и плакати насловена како „Патешествие“ во Музеј на град Скопје со почеток од 20 часот денес ќе започне филмскиот фестивал за музички документарни филмови Скопје Синема Сити.

Изложбата „Патешествие“ претставува приказ на кариерата на Влатко Стефановски, но прикажана преку бројни концертни плакати од најразлични периоди од неговата кариера. Со оваа изложба се прикажува еден друг аспект од кариерата на Влатко односно неговиот богат концертен опус со годините. Важно е да се напомене дека оваа изложба ќе биде поставена само ексклузивно во Скопје.

На отворањето на изложбата воведен збор ќе даде Урош Вељковиќ, кој е ликовен уметник и тапанар на бендот Steel Temple.

„Фестивалот на документарен музички филм ми изгледаше како интересна можност да споделам со јавноста дел од мојата стрпливо собирана и чувана архива на плакати, од мои концерти и изданија. Се разбира, колекцијата е далекоу поголема од она што ќе биде изложено и покажано, ама верувам дека и ова ќе предизвика интерес кај оние кои се подобро запознаени со мојата работа. Вистинско шаренило од неколку децении музичка историја, фотографии, различни стилови и правци во графичкиот дизајн, големина, квалитет на хартија и сведоштво за некои други времиња“, изјави Влатко Стефановски.

Овогодинешното издание на фестивалот Синема Сити дава акцент на документарни филмови каде главна улога односно внимание е дадено на гитарата и луѓето кои ги посветиле своите животи на овој инструмент и со тоа на некакв начин станале синоним за него. Филмот кој ќе го отвори фестивалот на 3 септември во Кинотека на Северна Македонија е филмот „Кит Ричардс: Под влијание“, портрет на Кит Ричардс кој е срцето и душата на бендот „Ролинг стоунс“. Ведаш по проекцијата свој соло настап ќе има Влатко Стефановски.

Секоја вечер од филмскиот фестивал е поделен на жанрови. Третата вечер е блуз вечер и е посветена на двајца великани на блузот, Роберт Џонсон и Ерик Клептон. Меѓу овие два филма свој настап ќе има блуз дуото „In the Mood”. Четвртата вечер е посветена на поекспериментални правци во музиката. Во соработка со Гете институтот ќе биде прикажан филмот „Романтични војници: Краутрок прв дел“. Краутрок е називот за една група култни бендови од Германија која била популарна во текот на ‘70-те: Can, Neu! Фауст, Крафверк. Вториот филм истата вечер - „Изгубената жица“ е портрет на авангардниот џез гитарист Марк Рибо и неговите бендови и проекти како дел од даунтаун сцената во Њујорк. Петтата вечер е посветена на фолк музиката овојпат од Португалија со Мадредеуш и трагичната фигура Ник Дрејк. Завршната вечер е посветена на класичните рок бендови U2 и Queen односно се посветени на некои од нивните најголеми достигнувања: албумот „Joshua Tree” на U2 и „Приказната за Боемската Рапсодија“.

Картите ќе можат да се резервираат и купат исклучиво во Кинотека на Северна Македонија, секој работен ден (понеделник - петок) во период од 9:00 до 14:00 часот на телефон: 02 23 065 968.

Проекциите на филмовите во рамки на Скопје Синема Сити ќе се организираат во Кинотека на С. Македонија почнувајќи од 3 до 7 септември.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе