Македонија

Изменет сообраќаен режим во општина Чаир

23. ноември 2017 - 13:40 | Макфакс

Од општина Чаир известуваат дека поради изведување на работи за асфалтирање на ул. „Втора Македонска Бригада“, затворена за сообраќај ќе биде патната зона од кружниот тек во близина на средното училиште „Зеф Љуш Марку“ до раскрсницата на улица „Кемал Сејфула“ и ќе се имплементира променет режим на сообраќај до завршување на работите.

Исто така, од општината додаваат дека затворени ќе бидат влезовите на улиците „Дижонска“, „Гоце Стојчевски“, „Ресенска“ и „Павле Илиќ“ од делот на улицата „Втора Македонска Бригада“ каде што се изведуваат работите.

Коментирај