Изминатата недела 134 заболени од морбили, најмногу од почетокот на епидемијата

Скопје, 17 мај 2019 (МИА) – Се задржува трендот на регистрирање на голем број на заболени од мали сипаници во државата. Во изминатата недела бројот на новорегистрирани заболени изнесува 134 лица. Во последните десетина недели овој број континуирано се одржува околу 100, но ова е највисоката бројка регистрирана воопшто откако е регистрирана епидемијата.

„Од новозаболените 48 се од Скопје, а останатите 86 се од десет други градови со што вкупниот број на зафатени градови изнесува 22“, информира д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје денеска пред Министерство за здравство.

Вкупниот број на регистрирани од почетокот на епидемијата, како што информира Кузмановска, е во постојан пораст и последната бројка изнесува 1.524. Најголем број регистрирани се возрасни лица над 30 годишна возраст. Речиси половина од сите регистрирани се возрасни лица.

„Што се однесува до вакциналниот статус од сите заболени на неделно ниво 70 проценти се невакцинирани, со непознат статус или непотполно вакцинирани“, вели Кузмановска.

Додаде дека очекуваат и во наредниот период бројот на заболени да се одржува и не очекуваат брзо намалување и привршување на епидемијата.

Кузмановска информира дека со тешки компликации, во смисла на бронхопнеумонија, дијареа и други потешки инфекции се околу 16 проценти од сите заболени, но бројката во однос на хоспитализираните е нешто повисока и се движи повеќе од 40 проценти.

Вкупно вакцинирани деца до 14 годишна возраст од почетокот на кампањата досега се 25.808.

реклама

Македонија

Шахпаска: Остануваме на ставот дека родителите треба да се вратат на работа

Read more

Колку училишта ги исполнуваат условите за настава со физичко присуство?

Read more

Банките предвреме ќе ја исплатат пензијата за септември

Read more

Театрите и кината ќе работат според Протоколот за организирање настани

Read more

Вести

Шахпаска: Остануваме на ставот дека родителите треба да се вратат на работа

Читај повеќе

Колку училишта ги исполнуваат условите за настава со физичко присуство?

Читај повеќе

Банките предвреме ќе ја исплатат пензијата за септември

Читај повеќе

Театрите и кината ќе работат според Протоколот за организирање настани

Читај повеќе

Студентските и средношколските домови ќе се отворат со намален капацитет, но одбиените ќе добијат надомест

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Организаторите на Нобелова награда се откажаа од традиционалната церемонија во Стокхолм

Читај повеќе

Трамп: Кина мора да одговара пред светот поради COVID-19

Читај повеќе

Филипче: Регионалната работна група интензивно работи на одлука за отворање на границите

Читај повеќе