Измислен пренослив уред што ја претвора морската вода во вода за пиење

Група истражувачи од Технолошкиот институт во Масачусетс создадоа пренослив уред кој солената морска вода ја претвора во вода за пиење.

Уредот со големина на актовка е преносливо решение за десалинација, додека постоечките се големи, тешки и скапи. Тој користи процес наречен Ion Concentration Polarization (ICP), така што не содржи филтри или пумпи под висок притисок за третирање на водата. Користејќи електрично намотани мембрани зад и под водата, ICP ги одбива честичките од сол додека минуваат низ нив. Мембраните одбиваат позитивно или негативно наелектризирани честички, вклучувајќи молекули на сол, бактерии и вируси. Потоа наелектризираните честички се насочуваат во друг млаз вода кој конечно се испушта.

Процесот исто така ги отстранува растворените цврсти материи што овозможува чистата вода да помине низ каналот. Бидејќи е потребна само една пумпа со низок притисок, ICP користи помалку енергија од другите техники.

Тим на истражувачи пред неколку месеци објави видео во кое демонстрира како функционира уредот.

Remote video URL

Откриле дека самиот процес не може да ја отстрани солта, па затоа користеле друга техника наречена електродијализа за да ги „фатат“ преостанатите јони на сол.

За да го тестираат уредот, истражувачите отишле на плажа каде во првиот обид успешно претвориле морска вода во вода за пиење.

„Процесот беше успешен во првиот обид, а тоа беше изненадувачки и возбудливо. Успеавме поради акумулацијата на сите мали напредоци што ги направивме попатно“, рече професорот Џонгјун Хан.

Примената на оваа технологија има потенцијал да го промени светот, бидејќи може да се користи во земји каде што пристапот до вода е ограничен. Може да се користи и за помош на бегалците и војската каде пристапот до вода за пиење може да биде тежок.

реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе