Изненадувачки факти за Јованка Орлеанка кои ги знаат само историчарите

Шест века по нејзината смрт, Јованка Орлеанка сѐ уште е мистериозна личност и покрај тоа што важи за една од најголемите личности на светот. Има работи кои ретко кој ги знае за нејзиниот живот, а доста се и извртени од историјата.

Пред нешто помалку од 600 години познатата француска хероина Јованка Орлеанка (Jeanne d'Arc) застанала на чело на одбраната на Орлеан, град во срцето на Франција, за време на Стогодишната војна против Англичаните.

Девојката од Домреми верувала дека била избрана од Бога да ја однесе Франција до победа во Стогодишната војна против англиските кралеви. Иако немала никакво воено искуство, успеала да го убеди францускиот принц Шарл од Валоа да ѝ дозволи да го преземе водството на одбраната на опседнатиот град Орлеан. Водена од „божествена инспирација“, успеала да ги одбие англиските сили заедно со нивните сојузници од Бургундија. Откако го проследила крунисувањето на Шарл од Валоа во Рамс, Јованка Орлеанка била заробена од непријателот, обвинета за ерес и спалена на клада во 1431 година, кога имала 19 години.

Јованка Орлеанка се смета за една од најголемите светителки во историјата на Франција, како и симбол на француското национално единство. Нејзината официјална канонизација конечно била извршена во 1920 година.

Многу легенди се вртат за големата француска хероина, кои успеале и да ја извртат историската вистина. Меѓутоа, пред нас се оние факти што се општо прифатени од судот на историчарите, а сепак изгледаат изненадувачки.

Мистерија за презимето на Јованка Орлеанка

Девојката која во Франција ја нарекуваат Жан Д'Арк е родена во селото Домреми на севороистокот од земјата, како ќерка на локален селанец и неговата исклучително религиозна жена. Нејзиното презиме никогаш не било до крај потврдено.

За време на нејзиното судење во 1431 година, таа изјавила дека не го знае своето презиме и дека се викала едноставно Jeanne la Pucelle истакнувајќи ја својата невиност. Подоцна, сепак, објаснила дека е ќерка на Жак д'Арк и Изабел Роме, притоа велејќи дека во нејзиното село децата претежно го земале презимето на нивната мајка. Ова прашање е многу тешко да се реши до крај бидејќи во средновековна Франција презимињата не биле ниту јасно дефинирани, ниту, пак, биле широко користени. Иако вистинското име на хероината можело да биде Жан д'Арк според презимето на нејзиниот татко, или Жан Роме по нејзината мајка, самата Јованка Орлеанка најверојатно не одговарала на ниту едно од нив.

Лекари и научници сметаат дека имала невролошко и психичко пореметување

Основата на легендарната приказна за „Девицата од Орлеан“ ја претставуваат нејзините визии кои таа ги толкувала како божествена инспирација. На самото судење рекла дека светците ѝ се обраќале уште од кога имала 12 години. На почетокот ја советувале да води скромен и побожен живот, но подоцна од неа побарале да ја одбрани Франција и да го донесе Шарл од Валоа на позицијата крал.

Според нејзиното сведоштво, споменатите визии во најголем дел биле придружени со силно светло во позадината, а подобро ги слушала гласовите кога покрај нив ѕвонеле sвона. Благодарение на овие последни детали, некои експерти прават голем број претпоставки дека Јованка Орлеанка страдала од невролошки и психички нарушувања што предизвикувале халуцинации. Меѓу претпоставените болести се споменуваат, меѓу другите и, манично-депресивна психоза, мигрена, па дури и говедска туберкулоза, која можела да предизвика напади и деменција.

Иако била воен командант, никогаш не учествувала во битките

Иако на сликите е овековечена како бестрашен воин и хероина од Стогодишната војна, Јованка Орлеанка всушност не се борела во ниедна битка. Носејќи го знамето, таа ги инспирирала своите борци, учествувала во развојот на воената стратегија и насоките на дејствување, но не се борела во ниту една од големите битки. И покрај овие факти, била ранета најмалку двапати, од кои еднаш и во Битката кај Орлеан.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Чек дис аут

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Read more

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе