Израел гранатираше домови на команданти на Хамас, продолжуваат ракетните напади од Газа

Израелската војска соопшти дека утрово нападнала важни цели во Појасот Газа, додека палестинските милитанти продолжуваат да истрелуваат ракети кон Израел.

И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, конфликтот што избувна пред скоро една недела не покажува знаци на попуштање, јави DPA.

Израелската армија соопшти дека во текот на ноќта гранатирала домови на девет високи команданти од исламистичкото движење Хамас. Според израелската војска, некои биле користени како складишта за оружје.

Повеќе од 1.500 цели се нападнати во Појасот Газа, изјави вчера израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој истакна дека операцијата ќе продолжи со „целосна сила“.

Палестинската страна соопшти дека воздушните напади биле досега најтешки во густо населената Газа.

Според израелската војска, од минатиот понеделник кон Израел биле истрелани најмалку 3.100 ракети.

Двете страни соопштија дека ракетните напади биле досега најтешки.

Најмалку 192 лица се убиени во Газа, соопшти Министерството за здравство на крајбрежната територија.

Само во саботата вечерта, 42 Палестинци беа убиени во нападите на израелската армија врз домови во Газа.

Во Израел, од ракетен оган, од минатиот понеделник загинаа 10 лица, соопштија спасувачките служби.

Меѓународните дипломатски напори за смирување на тензиите досега имаа малку очигледен ефект, подвлекува DPAА.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе