Израел изведе воздушни напади во Газа

Тел Авив, 12 ноември 2019 (МИА) – Израелската војска соопшти дека извеле воздушни напади во Газа, а цел биле екстремистите од Исламски џихад.

Во нападите погоден е камп за обука и подземен објект, кој служел за производство и складирање оружје, тврди израелската војска.

Министерството за здравство на Газа соопшти дека во воздушните напади е убиен 25-годишен Палестинец, но засега не е познато дали станува збор за екстремист.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно денеска изјави дека борбите со палестинските екстремисти од Исламски џихад, што избија откако Израел го уби нивниот командант за северниот дел од Појасот Газа, можат да бидат долготрајни.

-Израел не е заинтересиран за ескалација, но ќе сториме сè што е потребно за да се заштитиме, рече Нетанјаху пред новинарите во воениот штаб.

Израел рано утринава го уби командантот на палестинската милитантна група Абу ел-Ата, во воздушен напад изведен во Појасот Газа, на што екстремистите одговорија со ракетирање на израелските градови, вклучувајќи го и Тел Авив. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Свет

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Read more

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more

Гулабарник или ЕУ?

Read more

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе