Израел ја блокира доставата на хуманитарна помош во Газа

Израелската влада го запре целиот влез на хуманитарна помош во Појасот Газа по истекот на првата фаза на примирјето со Хамас, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Како што наведоа, Хамас одбил да го прифати предлогот на американскиот пратеник Стив Виткоф за привремено продолжување на примирјето. Портпаролот на Хамас ја нарече одлуката на Израел „евтина уцена“ и „удар на договорот за примирје“, повикувајќи ги посредниците да извршат притисок врз Израел за повторно да овозможи достава на помош за жителите на Газа.

Хамас бара втората фаза на договорот да се спроведе во согласност со претходните договори, што вклучува размена на заложници и палестински затвореници, како и повлекување на израелските сили од Газа. Во петокот навечер Хамас порача дека нема да се согласи на продолжување на првата фаза без гаранции од САД, Катар и Египет дека втората фаза навистина ќе се спроведе.

Американски предлог

„По завршувањето на првата фаза на договорот за заложници, и со оглед на одбивањето на Хамас на предлогот на Виткоф за продолжување на преговорите - на кој Израел се согласи - премиерот Нетанјаху одлучи дека од утрото целиот влез на стоки и потребштини во Појасот Газа престанува“, стои во соопштението од кабинетот на Нетанјаху. „Израел нема да се согласи на примирје без ослободување на нашите заложници. Ако Хамас продолжи со одбивањето, ќе има дополнителни последици.“

Портпаролот на Хамас одговори: „Одлуката на Нетанјаху повторно да ја запре помошта за Газа уште еднаш го покажува вистинското лице на израелската окупација... Меѓународната заедница мора да изврши притисок врз израелската влада за да го запре изгладнувањето на нашиот народ.“

Доцна синоќа од кабинетот на Нетанјаху објавија дека Израел го прифатил американскиот предлог примирјето да трае уште околу шест недели, за време на муслиманскиот Рамазан и еврејската Пасха. Ако преговорите по тој период не донесат напредок, Израел го задржува правото за продолжување на воените операции.

Американскиот пратеник Стив Виткоф својот предлог не го објави јавно, но според израелските наводи, предвидува првично ослободување на половина од преостанатите заложници, вклучувајќи живи и загинати.

Кревко примирје

Израел порача дека веднаш ќе ги продолжи преговорите ако Хамас го промени ставот за продолжување на примирјето за дополнителни шест недели. Првата фаза на примирјето почна на 19 јануари и заврши во сабота.

За време на таа фаза беа запрени 15 месеци судири меѓу израелската војска и Хамас, а во размената беа ослободени 33 израелски и пет тајландски заложници во замена за околу 1900 палестински затвореници и притвореници.

Преговорите за втората фаза, која вклучува ослободување на сите преостанати живи заложници и повлекување на израелските сили од Газа, штотуку започнаа и засега нема поголем напредок. Се проценува дека во заробеништво се уште 24 живи заложници, додека за 39 се претпоставува дека се мртви.

Да потсетиме, Хамас на 7 октомври 2023 година покрена невиден напад врз Израел, убивајќи околу 1200 луѓе и заробувајќи 251 лице. Израел одговори со разорни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, во кои загинаа повеќе од 40 илјади луѓе.

реклама

10 август е краен рок: Дали ги заштитивте вашите фотографии на Google Photos?

Read more

Британскиот премиер доби интересен предлог: Европска конфедерација што би ја вклучила и Македонија

Read more

Венера затвора тешко поглавје за 3 хороскопски знаци на 10 август

Read more

Ќе почне ли распаѓањето на Канада? Сепаратистите во Алберта во октомври ќе одржат референдум

Read more

Свет

Разорен земјотрес ја погоди Колумбија, најмалку 49 загинати

Read more

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Read more

ЕУ бара од 5 карипски земји да ги укинат познатите златни пасоши: За што служат и како се добиваат?

Read more

230 луѓе во еден чамец го преминаа Ламанш 

Read more

Вести

  • play_arrow

Разорен земјотрес ја погоди Колумбија, најмалку 49 загинати

Читај повеќе

Утре сончево и многу топло, температури до 40°C

Читај повеќе

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Читај повеќе
  • filter

ЕУ бара од 5 карипски земји да ги укинат познатите златни пасоши: За што служат и како се добиваат?

Читај повеќе

230 луѓе во еден чамец го преминаа Ламанш 

Читај повеќе

Во Идризово стигнале 32 пакувања марихуана, во пратка за затвореник

Читај повеќе

Перу руши рекорди: Бум во извозот на злато и бакар

Читај повеќе

Џез-вечери од 13 до 16 август на Охридско лето

Читај повеќе

Две малолетнички избодеа со нож 18-годишна девојка во центарот на Белград

Читај повеќе