Израел се согласи на примирје со Хезболах: Нетанјаху го објави условот за завршување на војната

Макфакс
/ 26.11.2024 / 19:53

Израелската влада вечерва на владина седница официјално ќе гласа за примирје со исламистичката група Хезболах со која војува повеќе од една година. Ова во вечерашното обраќање до јавноста го потврди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пишуваат медиумите во регионот.

Тој рече дека ова не е крај на војната, додавајќи дека нема крај на војната додека сите Израелци кои побегнаа поради ракетните истрели на Хезболах во изминатата година не се вратат во своите домови на северот на земјата. Тој исто така рече дека Израел сега ќе се фокусира на заканата од Иран.

Нетанјаху го започна својот говор обраќајќи им се на жителите бегалци од Северен Израел, велејќи дека е горд на нивната истрајност и издржливост. Тој вели дека благодарение на храброста на израелските одбранбени сили се постигнати големи успеси. Тврди дека акцијата на ИДФ ја одразува моќта на Израел на Блискиот Исток.

„Во Либан, Хезболах повеќе не е истиот“, рече Нетанјаху, додавајќи дека израелската армија убила високи команданти и Насрала, поранешниот лидер на Хезболах.

„Израел, исто така, ја уништи инфраструктурата на Хезболах и нападна клучни цели“, додаде тој. Вели дека ги гледа сите седум фронтови и поголемата слика и дека е решен да му донесе победа на Израел, пренесуваат медиумите во регионот.

реклама

Што му предвидува неделниот хороскоп од 16 до 22 јуни на вашиот знак?

Read more

Објавени фотографии од маскираниот убиец по кој се трага во САД

Read more

Доларот падна на најниско ниво во последните три години

Read more

Четири суплементи кои луѓето со висок притисок треба да ги избегнуваат

Read more

Свет

Објавени фотографии од маскираниот убиец по кој се трага во САД

Read more

Трет ден од воената ескалација меѓу Израел и Иран

Read more

Балони на топол воздух паднаа во Турција, еден загинат, 19 повредени

Read more

Кои земји имаат најмногу боеви глави во 2025 година?

Read more
 

Вести

Колку е моќен македонскиот пасош?

Читај повеќе

Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран

Читај повеќе

Објавени фотографии од маскираниот убиец по кој се трага во САД

Читај повеќе

Дали е на повидок нова нафтена криза?

Читај повеќе
  • filter

Трет ден од воената ескалација меѓу Израел и Иран

Читај повеќе

Балони на топол воздух паднаа во Турција, еден загинат, 19 повредени

Читај повеќе

Доларот падна на најниско ниво во последните три години

Читај повеќе

Кои земји имаат најмногу боеви глави во 2025 година?

Читај повеќе
  • filter

13 јуни 1943, загинал македонскиот поет Кочо Рацин

Читај повеќе