Неименуван израелски владин претставник за The New York Times изјави дека светот треба да му се заблагодари на Израел за убиството на нуклеарниот научник Мохсен Фахризадех.

Израел досега не презеде одговорност за атентатот.
Тој истакна дека иранското нуклеарно оружје претставува закана по целиот свет, додавајќи оти Израел продолжува да ги презема сите неопходни чекори против нуклеарната програма на Иран.
Истражувачот на Институтот Брукингс, поранешен припадник на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Брус Рајдел за The New York Times изјави дека Израел поседува исклучително ниво на способност да нападне важни личности на непријателска територија.
Рајдел посочи дека Израел најверојатно ги искористил блиските врски со соседите на Иран, како Азербејџан за надгледување и регрутирање на оперативци.
Тој истакна дека убиството на Фахризадех во бомбашки и вооружен напад од заседа во близина на Техеран, што му се препишува на Израел, може да биде навестување дека еврејската држава повторно ја активира мрежата на оперативци, составена од ирански имигранти во Израел и нивните помагатели во Иран.
– Мислам дека тоа е знак дека играта е во тек или почнува, посочи Рајдел.