Израелци излегле позитивни и по примање на Pfizer вакцината

Околу 12.400 Израелци излегле позитивни на тестирањата за коронавирусот откако ја примиле вакцината на Pfizer и BioNTech, а 69 од нив ја имале примено и втората доза.

Ова го објави Министерството за здравство на Израел кое во земјата спроведе тестирање на 189 илјади луѓе кои ја примиле вакцината. Позитивен резултат е добиен кај 6,6 проценти од тестираните. Мнозинството се претпоставува дека биле инфицирани кратко по примањето на првата од двете дози на вакцината, период во кој инокулацијата не се очекува да биде започната.

Но, 1.410 од тестирани излегле позитивни две недели по првата доза, период во кој парцијален имунитет би требало да биде развиен.

Згора на тоа, 69 пациенти се заразиле дури откако ја примиле и втората доза, објави министерството.

Израел почна со примена на втората доза од вакцинацијата пред две недели, а прв кој ја прими беше премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Од Pfizer велат дека врвот на имунитетот настанува помеѓу 15 и 21 ден од примањето на првата доза, кога ефективноста на вакцината се покачува од 52 на 89%. Според претходни испитувања, заштитата која ја пружа оваа вакцина достигнува 95% недела дена по примањето на втората доза.

Мора да се има на ум дека кога станува збор за вакцини, резултатите од клиничките испитувања често знаат да бидат различни од начинот на кој имунизацијата делува на терен бидејќи тогаш се применува врз многу поголема маса на луѓе.

„Американската вакцина излезе помалку ефективна отколку што мислевме и со пониска ефективност од онаа која Pfizer ја објави“, вели Нахман Аш, главниот виролог во Израел.

Затоа, пак, Гили Регев-Јохаи, водечкиот епидемиолог во медицинскиот центар Шаба, каде Ненјаху ја прими вакцината, за израелските медиуми изјави дека „вакцината на Pfizer функционира одлично по примањето на втората доза“.

Израел води на светски рамки според темпото на вакцинација против COVID-19. Изминатиов период веќе 2,15 милиони луѓе ја примија вакцината на Pfizer и BioNTech од кои 300 илјади веќе и втората доза.

реклама

Прв воздушен напад на САД по наредба на Џо Бајден, 17 загинати

Read more

Peugeot го смени „лавчето“ – дали ви се допаѓа?

Read more

Некогаш беше најдебелото дете во светот, сега никој не може да го препознае

Read more

Приведени осум лица по протестот за „Монструм“

Read more

Вести

Blue Origin го одложи првиот лет на ракетата New Glenn

Read more

Паметен град? Не благодарам: Граѓаните одбија да бидат „лабораториски глувци“

Read more

„Паднаа“ Instagram и Messenger

Read more

Што пишува во декодираната тајна порака на роверот што слета на Марс?

Read more
 

Гик

Blue Origin го одложи првиот лет на ракетата New Glenn

Читај повеќе

Pixel Fold на Google пристигнува годинава

Читај повеќе
  • play_arrow

Што знаеме за дрон-хеликоптерот на Марс?

Читај повеќе

Паметен град? Не благодарам: Граѓаните одбија да бидат „лабораториски глувци“

Читај повеќе

Хакирана лабораторијата на Оксфорд каде се истражува коронавирусот

Читај повеќе

PlayStation 5 добива нов џојстик

Читај повеќе

„Паднаа“ Instagram и Messenger

Читај повеќе
  • play_arrow

Што пишува во декодираната тајна порака на роверот што слета на Марс?

Читај повеќе

Дали ажурирањето на Google Chrome ќе го спречи трошењето на RAM меморијата?

Читај повеќе