УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2024/2025

Израелци претепани во Амстердам; Нетанјаху: Испраќаме спасувачки авиони

Навивачите на израелскиот фудбалски клуб Макаби Тел Авив „синоќа беа нападнати од заседа во Амстердам“ додека го напуштаа стадионот по натпреварот од Лига Европа против холандски Ајакс, соопштија израелските власти.

Се појавија и видеа кои покажуваат насилство врз навивачите на Макаби. Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, изјави дека 10 израелски граѓани се повредени и ги советуваше сите Израелци во Амстердам да останат во своите хотели.

Саар, исто така, побара од неговиот холандски колега Каспар Велдкамп да им помогне на Израелците да се преместат од нивните хотели на аеродромот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека станува збор за сериозен инцидент и нареди да се испратат два авиона за евакуација на израелските граѓани.

Израелскиот лидер ги повика и холандските власти „да дејствуваат решително и брзо и да обезбедат мир“. Израел потврди дека ќе учествува во евакуацијата. „ИДФ (Израелските одбранбени сили) се подготвуваат веднаш да распоредат спасувачка мисија со координација на холандската влада. Мисијата ќе биде распоредена со помош на товарни авиони и ќе вклучува медицински и спасувачки тимови“, се вели во соопштението.

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека досега се уапсени околу 30 лица. Полицијата во Амстердам соопшти дека во средата навечер го зголемила присуството во центарот на градот поради можни тензии во неколку области, ден пред натпреварот.

Во средата вечерта полициските службеници „спречиле конфликт меѓу група таксисти и група посетители кои дошле од соседното казино“. Тие споменаа уште еден инцидент во кој во центарот на Амстердам непознати сторители го симнаа палестинското знаме.

Associated Press пишува дека навивачите на Макаби очигледно се судриле со пропалестинските демонстранти. Судирите избија и покрај забраната за пропалестински протести наметната од градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, која стравуваше од ескалација.

Times of Israel тврди дека напаѓачите на израелски граѓани носеле палестински знамиња и извикувале „слобода на Палестина“. Други израелски медиуми јавуваат дека пасошите на некои израелски државјани се украдени.

„Навивачите кои отидоа да гледаат фудбалски натпревар наидоа на антисемитизам и беа нападнати со незамислива суровост само поради нивната еврејска и израелска припадност“, напиша израелскиот министер за безбедност, Итамар Бен-Гвир, во објава на Х.

реклама

СМС пораката која стигна до граѓаните е тест за масовно известување во кризни состојби

Read more

Како никогаш не треба да чистите паркет и ламинат во домот

Read more

Словенците развија мотор што го претвора секој автомобил во ѕвер

Read more

Мистеријата на снимката од падот на индискиот Boeing во кој загинаа 260 луѓе

Read more

Фудбал

Шпански медиуми: Реал Мадрид отпишува тројца играчи по дебаклот со ПСЖ

Read more

Милан ќе игра домашен меч од Серија А во Австралија? Федерацијата даде зелено светло

Read more

Срушен трансфер рекордот во женскиот фудбал: Арсенал ја потпиша Оливија Смит за милион фунти

Read more

Жота не возел пребрзо, сведочења на двајца камионџии спротивни на заклучокот на полицијата

Read more
 

Спорт

Сабаленка: Заборавив дека сум број еден

Читај повеќе

Шпански медиуми: Реал Мадрид отпишува тројца играчи по дебаклот со ПСЖ

Читај повеќе

Милан ќе игра домашен меч од Серија А во Австралија? Федерацијата даде зелено светло

Читај повеќе

Срушен трансфер рекордот во женскиот фудбал: Арсенал ја потпиша Оливија Смит за милион фунти

Читај повеќе
  • play_arrow

Анисимова против Швјонтек во финалето на Вимблдон

Читај повеќе

Жота не возел пребрзо, сведочења на двајца камионџии спротивни на заклучокот на полицијата

Читај повеќе

Стефан Ристовски е нов играч на великанот од Сараево

Читај повеќе

Македонија скокна пет места на ранг-листата на ФИФА

Читај повеќе
  • play_arrow

Никој како Меси: Продолжува да руши рекорди во МЛС

Читај повеќе