Израелски агенти убија ирански нуклеарен научник со робот-снајпер

Б.С.Б.
/ 21.09.2021 / 14:58

Израелски експерти со компјутер контролирале оружје управувано со помош на вештачка интелигенција, пишува The New York Times.

Најдобриот ирански нуклеарен научник Мосен Факризадех е убиен со снајперска пушка со помош на вештачка интелигенција со која од далечина управувале израелски оперативци, пренесе The New York Times.

Ова го потврдува извештајот на Иранската револуционерна гарда за настаните од 27 ноември 2020 година кога тврдеа дека паметен митралез со сателитска контрола го уби научникот додека ја возеше својата сопруга источно од Техеран. Научникот беше најмалку четири пати погоден од паметна пушка, скриена во камионет на мала оддалеченост.

Неговата сопруга не беше повредена. Пушката заедно со роботскиот апарат била тешка околу еден тон, наведе весникот. Израелските оперативци го шверцувале оружјето и неговите делови во Иран пред повторно да го состават.

Целиот систем потоа бил вграден во пикап камион, а поседувал повеќе камери за да оперативците имаат целосна слика на блиската средина. Покрај тоа, камионот бил преполн со експлозив за да се минираат сите докази откако мисијата биде завршена или загрозена.

Самата пушка била поврзана преку сателитски комуникациски уред со израелскиот команден центар. Оттаму оперативец можел да ја контролира пушката и преку компјутерски екран да ја гледа својата цел.

Иако камионетот експлодирал по атентатот, не е уништен системот на паметната пушка тоа овозможило увид на револуционерната гарда да види што се случило.

„Ова не беше обичен терористичка напад, кога некој ќе испука куршум и ќе побегне. Неговото убиство е многу повеќе комплексно од тоа што го знаете и мислите. Тој беше непознат за иранската јавност, но многу добро познат на оние кои се непријатели на иранскиот развој“, изјави Хамед Факризадех, син на убиениот научник.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Свет

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе