Израелски амбасадор: Го признавме Косово под притисок на САД

Израелскиот амбасадор во Белград, Јахеи Вилан, утрово за време на неговото гостување во програмата ТВ Прва, изјави дека не кажал оти Србија ја признала независноста на Косово, но дека Израел го признал Косово под притисок на САД. Претходно Владата на Србија остро реагираше поради изјавата на Вилан. Министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ изјави дека се неточни тврдењата дека Србија има потпишано договор со Косово во Вашингтон и дека станува збор за „своевидна дрскост“, јави дописникот на МИА од Белград.

– Јас изјавив дека во Вашингтон, Србија потпишала договор со САД и дека Косово потпишало договор со САД. Јас не наведов дека Србија го признала Косово, изјави Вилан на прес-конференција во израелската амбасада во Белград.

Претходно, Никола Селаковиќ за ТВ Прва изјави дека наводите изречени од израелскиот амбасадор се неточни и дека станува збор за своевидна дрскост.

Селаковиќ, покажувајќи ги документите пред камерите, посочи дека претставниците на Белград и Приштина потпишале два различни документи.

Тој повтори дека Вучиќ и Авдулах Хоти, потпишале два различни „листа“ и наведе дека во документот потпишан од Хоти стои дека „Приштина и Израел се согласуваат меѓусебно да се признаат“.

– Во документот потпишан од претседателот Вучиќ се вели дека Србија, односно Белград, се согласува да отвори економско, државно претставништво во Ерусалим до 20 септември 2020 година, како и да ја премести амбасадата до 1 јули 2021 година, изјави шефот на српската дипломатија.

Тој посочи дека Вучиќ потпишал документ во кој не се споменуваат Косово или Приштина, додека од друга страна „Израел подлегнал на притисоците кои српскиот претседател не ги направил“.

Селаковиќ кажа дека во овој момент не е сигурно преместувањето на српската амбасада од Тел Авив во Ерусалим и истакна дека „тешко дека тоа ќе се случи, особено по израелското признавање на Косово“.

Во утринската програма на ТВ Прва, водителот го праша израелскиот амбасадор зошто неговата земја го признала Косово, со оглед на тоа што имаат нерешена ситуација на своја територија, а тој одговори:

– Одлуката на Израел да го признае Косово беше донесена под американски притисок. Патем, да не заборавиме дека тоа е сторено во рамки на договорот меѓу Србија и Косово, особено со Америка, а не со нас, со Израел. Јас не се обидувам да се кријам зад тоа. Таа одлука ја донесе Израел по многу години во текот на кои не го признавме Косово. Тоа е дефинитивно против нашите интереси во Србија, тоа е против моите интереси, кажа Вилан.

реклама

Кои се најголемите опасности од гледање порно филмови?

Read more

Како точно се пресметува возраста на кучињата во човечки години?

Read more

Што е поздраво - свинска маст или масло?

Read more

Кое е вашето идеално место за секс според хороскопот?

Read more

Свет

Столтенберг ја отфрли можноста за исклучување членки на НАТО

Read more

Ковид бонус од 1.300 евра за работниците во германскиот јавен сектор

Read more

Шефот на Moderna: Постоечките вакцини не се одговор на омикрон

Read more

Австрија парично ќе ги казнува оние кои одбиваат вакцинација, им се заканува и затвор

Read more
 

Вести

Столтенберг ја отфрли можноста за исклучување членки на НАТО

Читај повеќе

Србија ги замрзна цените на основните прехранбени продукти

Читај повеќе

Цената на плинот во Европа денеска скокна за 5%

Читај повеќе

Укината забраната за сообраќај на камиони на Стража

Читај повеќе

Ковид бонус од 1.300 евра за работниците во германскиот јавен сектор

Читај повеќе

Зголемени водостоите на Охридското и на Преспанското Езеро

Читај повеќе

Шефот на Moderna: Постоечките вакцини не се одговор на омикрон

Читај повеќе

Австрија парично ќе ги казнува оние кои одбиваат вакцинација, им се заканува и затвор

Читај повеќе

Најстудено и најмногу снег во Лазарополе

Читај повеќе