За неколку дена израелските сили извршија повеќе од 360 борбени воздушни напади, како резултат на што беа уништени поголемиот дел од остатоците од сириската армија, што се проценува на 80% од вкупниот состав и сила.

Израелската армија, еден ден откако бунтовничките сили го зазедоа Дамаск, започна операција за уништување на стратешките сили на остатоците од сириската армија. Оваа операција наречена „Башанска стрела“ имаше за цел да ги уништи поморските сили како и големите магацини за оружје на сириската армија.
Според проценката на израелските сили, проценетата ефикасност на уништувањето на сириската армија е околу 80% од вкупниот персонал, опрема и технологија.
Според израелската војска, во текот на изминатите неколку дена, повеќе од 320 цели во Сирија биле погодени од 350 воени авиони кои извршиле 360 летови против „стратешки воени способности“. Таа тврди дека ова има за цел „да го спречи пристапот до стратешкото оружје на непријателските страни“.
⭕ In 48 hours, the IDF struck most of the strategic weapons stockpiles in Syria to prevent them from falling into the hands of terrorist elements. 𝗛𝗲𝗿𝗲’𝘀 𝘁𝗵𝗲 𝗯𝗿𝗲𝗮𝗸𝗱𝗼𝘄𝗻:
— Israel Defense Forces (@IDF) December 10, 2024
⚓ Naval Operations: Israeli Navy missile ships struck 2 Syrian Navy facilities… pic.twitter.com/6N1fz7BiMF
Началникот на Генералштабот, Херзи Халеви, ги одобри оперативните планови минатата сабота за време на неговата посета на окупираната сириска Голанска Висорамнина. Истата вечер израелските воздухопловни сили започнаа напади врз различни делови на Сирија, од Дамаск до Тартус.
Уништените цели вклучуваа десетици борбени авиони и хеликоптери, покрај радарските системи, батериите за противвоздушни ракети, бродови, ракетни системи земја-земја, ракети, поморски ракети и капацитети за производство на оружје.