Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Макфакс
/ 20.01.2025 / 08:51

Членовите на Хамас им дадоа „торби со подароци“ на заложниците кои беа ослободени вчера, се гледа во видеото објавено од палестинската милитантна група, пренесоа израелските медиуми.

Во торбите што ги добиле трите жени ослободени од заробеништво имало нивни фотографии во заробеништво на Хамас и „сертификат“, пренесе The Times of Israel.

На видеото се гледаат поранешните заложници Роми Гонен, Емили Дамари и Дорон Штајнбречер како држат „торби со подароци“ додека им биле предадени на израелските војници.

Хамас претходно објави пропагандно видео на кое се гледа нивното ослободување од заробеништво во Појасот Газа.

На видеото се гледа како Хамас ги носи заложниците на собирно место на централниот плоштад во градот Газа, придружувани од десетици вооружени мажи, каде што се собраа стотици Палестинци, пеејќи и скандирајќи.

Трите жени потоа беа предадени на Црвениот крст, а на видеото се гледа како претставник на Меѓународниот комитет на Црвениот крст го потпишува документот даден од оперативците на Хамас, пред да бидат предадени заложниците.

Како дел од договорот за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас, чија примена започна вчера, во Израел беа вратени Роми Гонен (24), Емили Дамари (28) и Дорон Штајнбрехер (31).

Remote video URL
реклама

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Погледнете како кинеските AI хуманоидни роботи извршуваат производствени задачи

Read more

Свет

Иран: Трамп сака да биде полицаец на Ормутскиот Теснец

Read more

САД: Се приближуваме до договор за крај на војната со Иран

Read more

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

Столтенберг: Ако на Трамп му се дозволи да го земе Гренланд, НАТО ќе ги изгуби своите вредности

Read more
 

Вести

Над 19.000 евра казни пред Велигден: Уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони јајца

Читај повеќе

Исмаил: Ако државата има „обезбедено“ пари за лекување, зошто граѓаните молат за донации?

Читај повеќе

Иран: Трамп сака да биде полицаец на Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Уапсен водач на „балканскиот нарко картел“

Читај повеќе

Лавров: ЕУ сака Србија да биде тампон-зона против Русија

Читај повеќе

Дел од Центар денеска без вода, делови од Кисела Вода без струја

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C

Читај повеќе

По 7 месеци пауза Вардариште повторно гори, велат од Стоп за Вардариште

Читај повеќе

САД: Се приближуваме до договор за крај на војната со Иран

Читај повеќе