Министерството за внатрешни работи (МВР) синоќа спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 1.009 возачи. Од нив, 46 се движеле со 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 6 со дури 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Според МВР, 540 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 469 надвор од населено место.
Дури 144 возачи биле санкциониреани на територијата на СВР Битола, од кои 79 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 65 надвор од населено место.
На територија на главниот град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 99 санкции, 6 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол, 3 мерки за нерегистрирани возила, 3 за минување на затворен сигнал (црвено светло), 2 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, наведува МВР.