Во последното деноноќие Министерството за внатрешни работи изрече 540 санкции за неносење маска.
-Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 540 прекршоци, соопштија од МВР.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со COVID-19.