Изречени казни за извршителите, „27 април“ продолжува за организаторите

Скопје, 16 март 2019 (МИА) – Судечкиот совет во Кривичниот суд во Скопје предводен од судијката Добрила Кацарска вчера им одреди вкупна затворска казна од 211 година на 16 обвинети за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, познат во јавноста како случајот „27 април“, а  ослободен од обвинение беше Игор Дурловски.

Митко Чавков доби најголема казна од 18 години, Митко Пешов 15 години, Душко Лазаров 15 години, Горан Ѓошевски – Леви – 15 години, Оливер Поповски – 13 години, Оливер Радулов 10 години, Мунир Пепиќ –  15 години, Абдулфета Алими – седум години, Младен Додевски – 12 години, Јане Ченто 15 години, Горанче Ангеловски – 12 години, Игор Југ – 12, Влатко Трајковски – 15 години, Вилијам Михајловски – 14 години, Николо Митровски – Кољо -15 години и Александар Василевски Нинџа – осум години.

За ВМРО-ДПМНЕ пресудата е резултат на политички монтиран процес, и е производ на евидентна неправда.

-Политички пресуди од вкупно 211 години затвор, се вика погребување на правото. Се потврди нашето тврдење дека казните ќе бидат драконски, не затоа што се праведни, туку спротивното, затоа што во овој случај се суди според политички мотиви, а не правни факти. Јасно е дека драконските казни се резултат на политички процес во пресрет на изборите. Тоа е последица на нервозата и паниката кај Заев. Треба да знае дека пресудите и прогонот нема да му помогнат, туку само ќе го тонат подолу. На дело се демонстрираше Кацарска судството и Русковска обвинителството кое за жал се потврди дека се само слуги на Зоран Заев. Не ги интересира ниту правото, ниту правдината. Не ги интересираат ниту доказите, ниту околностите. Ги интересира само спроведувањето на партиско политичките нарачки на Заев, порача вчера генералниот секретар Игор Јанушев.

За СДСМ, пак, одбраната на насилството од 27 април покажува дека матрицата на Груевски функционира преку Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Со ставот дека казните против злосторниците во Нирнбершкиот процес биле драконски, ВМРО-ДПМНЕ и денеска застана во одбрана на фашизмот и злостроствата направени во Втората светка војна. Освен во одбрана на фашизмот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски денеска повторно се во одбрана на насилствата од 27 април наместо да ги осудат. Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски оправдуваат насилство! Тоа докажува дека матрицата на Никола Груевски за насилство, криминал и конфликти функционира и денес преку Христијан Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ, порача СДСМ во соопштение.

Напомена дека „заврши времето кога се нарачуваа и монтираа случаи, кога се вршеше политички прогон и кога се диктираа и пишуваа пресуди надвор од судовите, најчесто во белиот дворец“ и додаде дека сега обвинителството и судството работат независно и професионално.

Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт. Но, по донесувањето на Законот за амнестија беа помилувани 15 лица.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески  и обвинителката Вилма Русковска од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, која беше застапник на обвинението за „27 април“, минатиот месец најавија дека може да има и проширување на истрагата доколку се обезбедат и други докази освен изјава на еден обвинет или на еден сведок и дека истрагата полека се префрла на организаторите, Н.Г. , Т.В., М.Ј., С.Р. и Н.Б, кои се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Во истрагата, како што велат тие, не се користени ПИМ мерки, но истрагата е тајна и не можат да се презентираат докази.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе