Научниците развија биоразградлива пластика што се распаѓа на сонце и воздух.

Пластиката е голем проблем во светот, а на некои места е значајна причина за поплавување. Поради фактот што пластичните полимери не се распаѓаат лесно, овој вид на загадување може да ги „заглави“ реките. Ако пластиката стигне до морето, таа завршува во огромни лебдечки полиња со ѓубре.
За да се решат проблемите со загадувањето со пластичен отпад, научниците развија разградлива пластика што се распаѓа откако ќе биде изложена на сонце и воздух само седум дена. Ова е огромно подобрување во однос на фактот дека се потребни децении, па дури и векови за распаѓање на пластиката што се употребува денес.
Научниците објавија детали од студијата во Journal of the American Chemical Society (JACS) за разградливата пластика што на сонце се претвора во сукцинска (килибарна) киселина, природна нетоксична мала молекула што остава микропластични фрагменти во околината. Научниците користеле нуклеарна магнетна резонанца (NMR) и хемиска сектроскопија за да ги демонстрираат своите откритија на пластиката, полимер на база на нафта.
Авторите на студијата рекоа дека разградливата пластика може да се меша со друга пластика за да се произведат потрајни предмети, а покрај тоа ќе биде полесно разградлива.
Разградливата пластика може да биде особено корисна во електрониката. Кога се користи, пластиката ќе биде затворена во електронски уред и заштитена од воздух и сончева светлина за да може да трае со години. Сепак, по транспортот до депонијата, уредот би се скршил, а пластиката би била изложена на сонце и воздух и ќе се распадне за неколку дена.
Пластичниот нуспроизвод, килибарна киселина, исто така, може да се рециклира за комерцијална употреба во фармацевтската и прехранбената индустрија. Неодамна, развиен е метод во кој биоразградливата пластика се претвора во авионско гориво.
Биоразградливите пластики се чекор напред во борбата против пластичниот отпад, но треба да се стори многу повеќе бидејќи 10 милиони тони пластичен отпад завршуваат секоја година во океаните.
Комерцијализацијата на новата пластика се очекува за пет до десет години.