Изведба на танцовиот дует LOUNGE на Марга Алфејрау, Мириам Лукас и Мириана Бененге на Викендот на гордоста

На 15 јуни во 21:00 часот, во Денсинг салата на МКЦ ќе се одржи танцовиот дует LOUNGE во изведба на Marga Alfeirão и Mariana Benenge во чија основа се наоѓа двојната природа на одморањето, чекањето, движењето и придвижувањето. LOUNGE претставува дует за две тела кои се идентификуваат како женски и заедно се движат низ состојби на активност и пасивно одморање, до уживање во траењето на повторувачките движења.

Зборот lounge е глагол, со значење да седиш или да лежиш релаксирано, но и именка со значење јавен простор за релаксација. Лаунџинг (lounging) претставува и дејство и место, простор што можеш да го оформиш, да го населиш и да го густираш. Лаунџ собата како јавно наспроти осамено место, исто така има важност. Со помош на сопственото присуство, изведувачите навлегуваат подлабоко во себеси и во вибрациите. Во делото продира идејата за Невидлив танц во скут, сочинет од мали, речиси невидливи танцови кои со помош на погледот ја избледнуваат границата меѓу танчарот и оној врз кој се извршува танцот.

Преку ваквата кореографска стратегија се нагласува, но и се истражува врската меѓу танчарот и публиката, јавна и приватна, да видиш и да бидеш виден. Сензуалноста е клучна, па одовде и атмосферата. Светлото и музиката даваат потпора, скут во кој танчарите би седнале. Со примена на еротиката и градењето на заедништво, Lounge црпи од удобноста на одморањето како активно право на женскоста.

МАРГА АЛФЕЈРАУ (Лисабон, 1994) ги користи медиумите за да издлаби безбедни простори за истражување на интимноста и сексуалноста преку танц и перформанс. Под длабоко влијание на танцовите жанрови и текстури на звукот од африканската дијаспора, расеани низ лисабонските општествени ткива, активно полага право на женскоста, создавајќи простор за лезбијската сензуалност. Има работено со кореографите Тамара Алегре, Антонија Ливингстоун, архитектката Афаина де Жонг и други. Активна е на португалската „балска“ сцена како основачка на Куќата на музите (Casa das Musas). Во Берлин го создаде Coyote Pretty Ugly, 10-минутен чин со 4 изведувачи како забавна точка во квир вечерите во градот. Додипломските студии ги завршува на Интеруниверзитетскиот центар за танц во Берлин по танц и кореографија (2017 – 2021). Иницијатор е на Танцови во скут на музика од телефони и приспивни песни (Lapdances to Ringtones and Lullabies), истражување за еротиката и одморањето. Во моментов работи на ново дело за баналноста, тагата и настраноста со танчарите Миријам Лукас, Маријана Бененгве и таа самата, диџеите Нидиа и Шака Лајн и писателите Дујгу Агал и Кендис Нембхард, во обид да се изведат симултани танцови во скут. Заедно со соработничката Камила Маленчини, работат на ново дело за хоророт, парализата, женскоста и митот, чија премиера е закажана за 2024 г.

Танчарката, кореографка и дизајнерка МАРИЈАНА БЕНЕНГЕ (Конго/Франција) е независна уметница во париската квир заедница. Коосновачка е на П3, ексклузивна ФЛИНТА (Female, Lesbian, Intersex, Trans, Agegender) забава за поттик на БИПОК (Black, Indigenous, People of color), квир лезбијките да стапат во контакт со сопствената сензуалност и да негуваат простори без продорната машка доминација. Како дизајнерка, Маријана го поврзува потеклото од Конго во дијалог со бојата и текстурата, носи дрскост и смелост во облеката, претставувајќи ја сопствената женскост. Образованието по традиционални конгоански танци го започна во Конго, а подоцна, во Париз, го применува уличниот танц Waacking и станува активна членка на уличната танцова сцена и на „балската“ сцена, каде што се натпреварува, учествува во жири-комисиите и е дел од организацијата. Маријана во моментот работи на втората модна колекција во склоп на нејзиниот бренд Тантин де Пари.

Дванаесеттото издание на Викендот на гордоста – Скопје, кој ќе се одржи од 5 до 16 јуни на четири локации низ Скопје: Музејот на современа уметност, Станица 26, МКЦ и Театар Комедија. Тематот на фестивалот оваа година е ОСТАНУВАЈЌИ СО НЕЛАГОДНОСТА. Со оваа тема, ги истражуваме потенцијалите и формите на соживот, знаење, светотворење и општествена трансформација, кои може да произлезат од останувањето со нелагодноста, или неволјата, тешкотијата, проблемот, несоодветноста, неприкладноста, неугодноста, непријатноста, чудното, некомфорното – како нешто што го опишува живеењето во кризни времиња, каде се скршени и изгубени нашите хегемониски, традиционални и здраворазумски алатки за навигација на животот и секојдневието.

Фестивалскиот постер, програма и зборник може да ги погледнете на следниот ЛИНК. Цртежот кој го визуализира концептот на фестивалот е дело на македонската уметница Христина Иваноска, и е оригинално изработен за овогодинешното издание.

Фестивалот е во организација на Коалиција МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка. Се реализира во партнерство со Медуза, ТрансФормА, Локомотива и Тииит! Инк., а благодарение на несебичната поддршка на Американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), Heinrich Böll Stiftung, Министерство за култура на Република Северна Македонија, Фондација Отворено Општество Македонија, Friedrich Ebert Stiftung, Француската амбасада во Скопје, Transgender Europe, и International Trans Fund.

Вашето присуство на Фестивалот ќе ни претставува посебна чест и задоволство.

За сите дополнителни прашања и информации поврзани со Фестивалот обратете се на Славчо Димитров, куратор на Викендот на гордоста Скопје, на 078 208 803.

реклама

Култура

17-ти Роднокрајни поетски средби на Смоларскиот водопад

Read more

Македонија годинава нема да има ни кандидат за Оскар

Read more

Мултимедијален алтернативен фестивал Гига фест во Крива Паланка

Read more

Струшките вечери на поезијата ќе се одржат од 22 до 26 август со мотото „Допир на убавината“

Read more
 

Вести

Сериозна загриженост за независноста на судството во С. Македонија во извештајот на Европската комисија

Читај повеќе

Грција бележи голем пораст на бројот на заразени од ковид, некои држави издадоа итно предупредување до туристите

Читај повеќе

Владата: Државна лотарија незаконски доделувала лиценци за приредување на игри на среќа

Читај повеќе

Гостиварец ја фрлил мачката од VI кат и ја усмртил, кога полицијата му влегла дома нашла остатоци од други животни

Читај повеќе

Со автомобил удрил во малолетник во Скопје, па го однел детето на Комплексот клиники

Читај повеќе

Владата донесе одлука за вработување на 600 специјализанти во болниците

Читај повеќе

Тошковски: Ова што се случува во затворите е срам за Македонија, не може затвореник што наводно е во затвор да предизвика сообраќајка

Читај повеќе

Сомнеж за експлозив во близина на стадионот, блокирани улиците на Париз

Читај повеќе

Балон со ѓубре од Северна Кореја слета на претседателскиот комплекс во Сеул

Читај повеќе