Извештај: Кон соборениот украински авион во Иран се испукани две ракети

Техеран, 21 јануари 2020 (МИА) – Две ракети се испукани во правец на авионот Boeing 737 на украинската авиокомпанија „Украински меѓународни линии“, соборен во близина на Техеран на 8 јануари од страна на иранските ВВС. Тоа се вели во прелиминарниот извештај од истрагата на Иранската организација за цивилно воздухопловство.

„Инспекторите се здобија со пристап до информациите на Генералштабот и откриле дека биле истрелани две ракети М1-ТОР од север во правец на авионот“, се вели во извештајот.

„Ефектот од тоа лансирање на ракетите врз инцидентот со авионот и анализата на тие активности е во процес на истрага“, се вели во извештајот.

Иран призна за уривањето на авионот на 11 јануари. Тогаш началникот на корпусот на Исламската револуционерна гарда, Амир Али Хаџизаде, презеде целосна одговорност за инцидентот, но рече дека станува збор за само една ракета со мал дострел што била истрелана на 8 јануари во правец кон авионот.

Иран, во меѓувреме, соопшти дека побарал од САД и Франција опрема за информациите од црните кутии на украинскиот авион. Техеран изјави дека сè уште не добиле позитивен одговор на барањето.

Барањето е упатено до Националната служба за безбедност на транспортот на САД и до француското Биро за истраги и анализи, соопшти Иранската организација за цивилно воздухопловство. 

реклама

Што треба да јадете за да набилдате мускули побрзо?

Read more

Третиот убиец на Саздовски екстрадиран и спроведен во земјава

Read more

Никогаш не вртете грб на гладна камила: Најопасните селфи фотографии

Read more

Дали Швеѓаните го победија коронавирусот со нивната стратегија?

Read more

Свет

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Read more

Руското Обвинителство бара да го сослуша Навални во Германија

Read more

Дали Швеѓаните го победија коронавирусот со нивната стратегија?

Read more

Платите во Германија: За странците 900 евра помалку отколку за Германците

Read more

Вести

Почина деветмесечно бебе во струмичката болница, полицијата спречи нов инцидент

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Руското Обвинителство бара да го сослуша Навални во Германија

Читај повеќе

Дали Швеѓаните го победија коронавирусот со нивната стратегија?

Читај повеќе

Нови 45 случаи, 7 лица починаа од COVID-19

Читај повеќе

Пратениците на БЕСА ќе бидат независни во Парламентот

Читај повеќе

Платите во Германија: За странците 900 евра помалку отколку за Германците

Читај повеќе

Кои се државите во кои сѐ уште нема корона?

Читај повеќе

Дачиќ за барањето за признавање на МПЦ: Очекуваме Вселенскиот патријарх да биде против

Читај повеќе