Извештај: Во институциите на државата работат 128.347 службеници

Официјално, бројот на институции во државата изнесува 1.288, додека пак бројот на вработените изнесува 128.347, а најмногу вработени има во јавните установи и тоа  64.168, соопшти во четврток, министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска која го презентираше Годишниот извештај за податоците од Регистарот на вработените во јавниот сектор за 2015 година.

Арсовска Томовска посочи дека податоците даваат детална слика за структурата и организациската поставеност на централната и локалната власт, јавните установи и претпријатија во Република Македонија. Практично, прикажана е организацијата на законодавната, судската и извршната власт, како и бројот на вработените во секоја институција одделно, почнувајќи од Собранието, Владата, преку министерствата, регулаторните тела, правосудните органи, па се до општините, јавните претпријатија, болниците, училиштата, градинките, како и податоците за структурата на работните места, за вработените, и тоа според пол, возраст, образование и припадност на заедница.

Арсовска Томовска соопшти и дека официјално бројот на институции во државата изнесува 1.288, додека пак бројот на вработените изнесува 128.347. Најмногу вработени има во јавните установи и тоа  64.168. Во однос на половата застапеност, поголема е застапеноста на жените кои сочинуваат 53 отсто од вработените во институциите на јавниот сектор, а процентот на мажите изнесува 47 отсто. Просечната старост на вработен во јавниот сектор изнесува 45,1 година, а најмногубројна е групата со старост од 46 до 55 години. Во однос на степенот на образование, 47.529 од вработените имаат високо образование, што е 43,37 отсто од вкупниот број на вработени, а во јавниот сектор вработени се и 2.165 магистри, како и 1.383 доктори на науки. 

„За прв пат во Македонија, ако погледнете споредбено со државите во регионот, на ваков систематизиран и прегледен начин ставени се на располагање податоците кои ги интересираат граѓаните, како и научната и стручна јавност", рече Арсовска Томовска. Таа потсети дека вработените во администрацијата преку онлајн сервисот за проверка на записи во базата на вработени во јавниот сектор, кој од минатиот месец е поставен на интернет страницата на МИОА, можат да проверат дали за нив се води евиденција.

Воедно ги повика сите вработени во институциите на јавниот сектор да пријават каква било злоупотреба, притисок или неправилност, а кои се во насока на вршење притисок на вработените пред претстојните избори, на телефонскиот број 02/3200 899 или на мобилен телефон 072 228683 или на е-маил адресата izbori@mioa.gov.mk.

Целосниот Годишен извештај за податоците од Регистарот на вработените во јавниот сектор за 2015 година погледнете го тука. 

 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Read more
 

Вести

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе