Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на самото место во скопската населба Ќерамидница, каде што утрово при експлозија на направа во двор на куќа беше повредено едно лице.
Се вршат разговори со лица што би можеле да имаат одредени сознанија, а по наредба на јавен обвинител, се обезбедуваат снимки од видеонадзорите на објектите.
Подигнатите траги од самото место ќе бидат предмет на вештачење.
МВР претходно објави дека утрово во дворот на Р. Т. познат како Штекли била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата тој добил повреди по што бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување помош.