Македонија

Извршена првата фаза од авионско прскање против комарци

19. мај 2019 - 10:46 | МИА
Скопје, 19 мај 2019 (МИА) – Првата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Град Скопје  беше извршена во раните утрински часови, соопштија од Град Скопје.

Воедно, потсетуваат дека денеска ќе започне и терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, а ќе заврши најдоцна до 23.05.2019 (четврток).

Предвидено е прскањето од земја да се реализира во период од 23:00 до 04:00 часот. 

Коментирај