„Ја чуваме македонската музика“ во Филхармонија

Под мотото „Ја чуваме македонската музика“ вечер во големата сала на Филхармонија ќе се одржи концерт на македонските евергрини. На концертот ќе настапат македонската оперска пејачка Весна Гиновска-Илкова, во придружба на камерниот оркестар Арко под диригентска палка на маестро Ерхан Шукри. Пијанистот Бобан Мирковски, кој ги направи аранжманите за овој концерт ќе ги придружува артистите на пијано.

Среќна сум што ќе настапуваме под слоганот „Ја чуваме македонската музика„. Сметам дека е вистинско време да се потсетиме на македонските евергрини, кои се дел од нашата музичка традиција. Публиката ќе има можност да слушне нешто поразлично од оперската литература, тоа е музика која спојува многу генерации, која буди спомени од едно убаво време, вели Гиновска-Илкова.

Овој концепт на изведба на познати македонски евергрини, во помал формат беше изведен и минатата година во црквата Св. Софија во Охрид, во рамки на прославата 30 години независност на државата. Како што велат организаторите Баги Комуникации, токму одѕивот и реакциите на публиката беа мотив да се дополни програмата и да се понуди и на пошироката публика.

 –Никогаш не било посоодветно време за промоција на слоганот „Ја чуваме македонската музика„. Сметаме дека македонската музика е едно од најголемите богатства што нашиот народ ги има, треба да бидеме горди и соодветно да ја чуваме. Тоа е музика со која пораснале многу генерации, со неа се радуваме, прославуваме, тагуваме и е дел од сите наши значајни моменти. Ќе се потрудиме и во иднина да ја продолжиме оваа традиција и преку проекти да потсетуваме за убавината на нашата музика, велат организаторите.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе