Легендарниот Златан Ибрахимовиќ продолжува да доминира во американската МЛС лига.
Поранешниот репрезентативец на Шведска заби дури три гола во победата од 7:2 на Лос Анџелес Галакси против Спортинг Канзас Сити, во двобојот што одлучуваше за место за доигрување во Западната конференција.
Ибра го одигра најдобриот натпревар во сезоната и сервираше фантастичен хет-трик. Прво заби гол за изедначување, па за водство од 3:1, а совршениот натпревар го потврди со третиот гол за 7:2.
Така Златан дојде до 26 гола во сезоната и го сруши клупскиот рекорд на Карлос Руиз кој има 24.
Со новите голови Ибра дојде на само два гола разлика од првиот стрелец во лигата – Карлос Вела – што покажува дека сериозно ја мерка американската Златна копачка.