Ја оставил дечкото, а таа ослабела 45 килограми и станала личен тренер

Откако ѝ раскинал дечкото, Сијан Рајан добила мотивација да ослаби и од корен да го смени својот живот.

26-годишната Рајан успеала да ослаби 45 килограми, а денес е инспирација за милиони луѓе кои ѝ се восхитуваат на храброста и упорноста.

Потсетувајќи се како почнала нејзината трансформација, Рајан раскажува дека по раскинувањето на 1,5-годишната врска решила да си го земе животот во вои раце и да почне да работи на себе.

„Тогаш имав 120 килограми и почнав да одам во теретана што работи 24 часа дневно. На почеток тренирав ноќе бидејќи не сакав никој да ме види. Ми требаше нешто да ме извлече од дома“, вели таа.

Почнала со кардио вежби и за кратко време се префрлила на тегови бидејќи така добивала најдобри резултати.

„Кревањето тегови целосно го промени целиот процес. Се заљубив во тие вежби. Самата помисла дека станувам посилна ми го зголемуваше доброто расположение. Се фокусирав на тоа да станам посилна наместо послаба“, вели Рајан.

Килограмите брзо почнале да се топат, а таа нагласува дека го сменила и начинот на исхрана покрај редовната физичка активност. Направила баланс на протеините, мастите и јаглехидратите што ги внесува, а најважно од сѐ ѝ било да јаде умерено.

„Повеќе тежина изгубив кога внесував по 2.000 калории отколку кога јадев двојно помалку. Кога билдате мускули, се забрзува метаболизмот, што значи дека трошите повеќе калории во текот на денот и можете да јадете повеќе.“

Во рок од две години успеала да ослаби 45 килограми и денес носи шест броеви помала облека. Моментално работи како личен тренер и секојдневно споделува мотивациони пораки со нејзините следбеници на социјалните мрежи.

„Немојте да губите мотивација зошто денот не ви бил 100% здрав. Сите мои лоши денови ги изградиле добрите денови“, е една од нејзините пораки.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фит

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more

Најдоброто време од денот за вежбање: Го намалува ризикот од рана смрт за 61%

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе