Ја побара за жена на висина од над 4.000 метри
Љубовта е во воздухот! Сигурно сте виделе секакви предлози за брак, но дали сте виделе вакво нешто?
Падобранец ја побара за жена својата девојка додека се спуштаа на земјата на висина од 4.000 метри и тоа се претвори во нивната најдобра авантура досега.
Свршеникот овој генијален план го осмислил една недела пред акцијата. Цело време свршеничкиот прстен го држел цврсто меѓу забите. За среќа, сè минало како што треба, а среќниот падобранец доби потврден одговор.