УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2020/21

Ја прегазија Рома, а Погба вели: Уште не е готово

И покрај убедливата победа од 6:2 над Рома, за Пол Погба пласманот на Манчестер Јунајтед во финалето од Лига Европа уште не е заверен.

Погба го постигнува голот за 5:2 во 75. минута

„Црвените ѓаволи“ синоќа имаа маестрална партија во првиот полуфинален натпревар кога на „Олд Трафорд“ буквално ја прегазија Рома со 6:2.

Јунајтед поведе во 9. минута преку Бруну Фернандеш, но потоа Рома преку Лоренцо Пелегрини и Един Џеко направи пресврт. Очигледно, тоа само ги разлути домаќините кои во вториот дел со пет гола ја наполнија италијанската мрежа. Два гола постигна Единсон Кавани, а по еден Фернандеш, Погба и Мејсон Гринвуд.

Овој убедлив триумф за многумина е гаранција дека Јунајтед веќе е во фналето, но за Пол Погба ништо не е готово.

„Секако дека резултатот е позитивен, но уште ништо не е готово. Има уште еден натпревар, така да ќе мора да останеме сконцентрирани и реваншот да го одиграме со ист менталитет“, вели Фрнацузинот за официјалната клупска веб-страница.

„Во првото полувреме направивме две грешки и примивме два гола. Кога го примивме вториот гол бевме така малку раштркани насекаде“, додава.

„На полувремето поразговаравме и рековме 'ајде да ја оправиме работава, почнувајќи од наједноставните проблеми'. Тренерот ни кажа што-како, сите бевме мотивирани да излеземе и да постигнеме колку што е можно повеќе голови“, заврши Погба.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Фудбал

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе