Лев Левченко од Сочи го тужи рускиот авиопревозник Аэрофлот бидејќи не можел да заспие за време на летот, а одморот му е важен поради специфичната работа што ја има.
Причината за несоницата бил пакет што чкрипел за време на летот. Во пакетот се наоѓала храната за патниците.
Левченко е преговарач по професија и тврди дека поради напорната работа понекогаш мора да издржи и по неколку летови дневно и дека недостигот на сон штетно се одразува на неговите работни вештини.
Тој бара надомест од 999.999 рубли (околу 17.000 долари) и да се замени целофанот во пакетите поради чие шушкање и чкрипење не можел да заспие.