ОН: Јадењето помалку месо може да помогне да се намали ризикот од пандемија

Јадењето помалку месо може да помогне во намалување на ризикот од пандемија, покрај заштита на животната средина, соопшти во средата Програмата за животна средина на ОН, објавувајќи го новиот извештај на Chatham House.

– Во време кога голем дел од светот продолжува да се бори против пандемијата на COVID-19, никогаш не било поочигледно дека благосостојбата на луѓето и животните, диви и одгледувани, е испреплетена, рече Филип Лимбери од „Сочувство во светското земјоделство“, кое исто така го поддржува овој тинк-тенк.

Доколку екосистемите продолжат да се уништуваат, снабдувањето со храна на населението ќе биде загрозено, предупредуваат тие. Потребно е поголемо свртување кон храна од растително потекло за да не се забрза загубата на биодиверзитетот, додаваат тие.

Покрај тоа, треба да се заштити повеќе земјиште, а земјоделството треба да стане еколошко, велат тие. Природните екосистеми се повеќе се претвораат во обработливо земјиште и пасишта во последните децении, што доведува до губење на живеалиштата на животните.

– Интензивното одгледување милијарди животни на глобално ниво сериозно ја оштетува животната средина, предизвикува губење на биодиверзитетот и произведува големи емисии на гасови со ефект на стаклена градина што го забрзува глобалното затоплување, рече познатата приматолог Џејн Гудал во изјавата на УНЕП.

Тагови
реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе