Jaguar го претстави освежениот модел XF
Пет години по премиерното претставување, Jaguar ја освежи втората генерација на моделот XF.
Новиот модел има нов дизајн, од компанијата понудија поинаква маска за ладилникот, нови куќишта за предните ЛЕД светла и нови 19 и 20-инчи алуминиумски фелни.
Освежениот модел има нов мултимедијален систем со кој се управува преку 11,4-инчниот дисплеј, а системот е компатибилен со апликациите Apple CarPlay и Android Auto.
Во понуда е новиот 3-литарски V6 дизел мотор кој развива 300 КС. Од 0 до 100 км/ч забрзува за 5,9 секунди и развива 250 км/ч.
Погледнете ја галеријата.