Jaguar има нов бренд идентитет, концептот доаѓа на 3 декември

Jaguar го претстави својот нов бренд идентитет, означувајќи го почетокот на својата електрична ера.

Британската компанија покажа ново лого пред претставувањето на концептот Jaguar Design Vision на 3 декември, автомобил кој најавува луксузен електричен седан од 2025 година.

Од компанијата велат дека новиот пат се заснова на филозофијата на основачот сер Вилијам Лајонс, кој рекол дека „Jaguar не треба да биде ничија копија“. Новиот дизајнерски јазик и графика имаат за цел да ја пренесат трансформацијата на Jaguar, како стилски, така и во однос на неговата амбиција да го врати своето место на пазарот на луксузни автомобили.

Освежениот идентитет се фокусира на четири основни елементи на дизајнот. Првиот е „Device Mark“, минималистичко ново лого прикажано во карактеристичен фонт, кој се одликува со симетријата на воздржаност. По ова следи „Strikethrough“, хоризонтален графички мотив кој се чини дека е предодреден да остави свој белег на идните модели. „Exuberant Colors“ ја прикажува поврзаноста на Jaguar со уметноста, додека „Makers Marks“ се состои од два симболи, традиционалниот „скокач“ на Jaguar и нов монограм кој ја вклучува буквата „J“ (а можеби и буквата R).

Визуелните новитети ќе дебитираат на претстојниот концепт, а ќе ги красат и трите електрични сериски автомобили што Jaguar има намера да ги пласира на пазарот пред 2030 година.

Од Jaguar велат дека тоа е „целосно ресетирање“ на компанијата и дека тимот морал да има „бестрашен пристап“ во оваа трансформација.

 

Тагови
реклама

Од вторник Земјата влегува во златно време на сончевите затемнувања

Read more

Подгответе ги највкусните тортиља пици за само неколку минути

Read more

Каде најчесто грешиме со пиењето кафе во текот на денот?

Read more

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Read more

Авто новости

Кошмар за секој камионџија: Овие камиони ќе поминуваат 1.600 километри без возач и без пауза

Read more

BMW повлекува стотици илјади автомобили 

Read more

Истражувањето разгоре дебата: Дали модерните дизелаши навистина се „позелени“ од електрашите?

Read more

Старт-стоп системите стануваат минато

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Кошмар за секој камионџија: Овие камиони ќе поминуваат 1.600 километри без возач и без пауза

Читај повеќе

BMW повлекува стотици илјади автомобили 

Читај повеќе

Истражувањето разгоре дебата: Дали модерните дизелаши навистина се „позелени“ од електрашите?

Читај повеќе

Старт-стоп системите стануваат минато

Читај повеќе
  • filter

Претпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje

Читај повеќе

Нова ера на купување половни возила во ЕУ: Сите ќе добиваат специјални налепници

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто судирите при мала брзина се поопасни? 

Читај повеќе

Брзо или бавно полнење на електричните возила? Драматична разлика во здравјето на батериите

Читај повеќе
  • filter

Новото електрично Twingo во Германија стартува од 13.990 евра

Читај повеќе