Јаја Туре: Гвардиола е расист, тој не е вистински тренер и зад завесата се крие само комедија

Поранешниот фудбалер и капитен на Манчестер Сити, Јаја Туре, имаше остри зборови за неговиот поранешен тренер Пеп Гвардиола и индиректно го обвини за расизам, велејќи дека Шпанецот никогаш нема да го признае тоа бидејќи е свесен за последиците од таквата ситуација.

Јаја Туре рече дека Гвардиола сака да манипулира со неговите играчи, па и дека некои фудбалери кои играле за него признале дека го мразат поради тоа.

„Пеп сака да доминира, сака играчите да му се верни и да јадат од неговата рака, но јас не сакам таков однос. Го почитувам тренерот, но не правам работи кои ги прават другите фудбалери само за да играат. Некои играчи нема никогаш ова да го признаат јавно, но некои ми признаа дека го мразат бидејќи манипулира со сите“, изјави Јаја Туре за француските медиуми.

Покрај тоа, Туре вели дека Гвардиола секогаш чудно го гледал и никогаш не му се обраќал, иако двајцата знаат неколку заеднички јазици.

„Имам впечаток како да сака да ми се одмазди за нешто, ми делува љубоморен и воопшто не ми е јасно зошто. Секогаш разменувавме чудни погледи, се вртеше околу мене но не ми кажуваше ниту збор, иако и двајцата зборуваме каталонски, шпански и англиски. Имав чувство дека прави сѐ што е во негова моќ за да ми ја уништи кариерата. Го прашав дали така се однесува поради бојата на мојата кожа, но не добив одговор. Но, сфатив дека многу Африканци имаат проблем со Гвардиола во клубовите кои тој ги води“, додава Туре.

Обвинувањата за Гвардиола не завршија таму, а Туре продолжи да инсистира дека шпанскиот тренер би можел да биде расист.

„Сфатив дека (Гвардиола) се преправа дека нема проблеми со црнците фудбалери, бидејќи е премногу паметен за да западне во замка и да биде обвинет дека е расист. Никогаш нема да го признае тоа, но кога ќе го дочекам денот во кој екипа на Гвардиола има 4-5 афрички фудбалери, кои играат за афрички земји, тогаш ќе му купам торта и лично ќе му ја однесам“, вели тој.

Според Туре, Гвардиола не е ниту најдобрите тренери во светот. Тој смета дека целата фама околу Гвардиола е поради неговата добро поставена маска пред светот.

„Сакам да бидам првиот кој ќе го прекине молкот за Гвардиола и Барселона. Тој не ја измисли таа екипа, туку само го продолжи она што Кројф го започна. Во Баерн Минхен и Манчестер Сити проба да го наметне истиот систем, но не му оди како што треба. Според мене Зинедин Зидан е далеку подобар тренер бидејќи него го почитуваат сите играчи, а и тој има почит за сите. Пеп сака сите да зборуваат дека тој е гениј и ужива во тоа, но зад завесата е само комедија и ништо повеќе“, заврши Туре.

Ова беше последна сезона во Манчестер Сити за Јаја Туре, а со оглед дека неговиот договор веќе истече, прашањето е каде тој ќе ја продолжи кариерата? Она што го кажа фудбалерот за Пеп Гвардиола одекна низ фудбалскиот свет и се заканува дека ќе ја сруши сликата за шпанскиот тренер.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе