Јакимовски: Само една од 800 згради во Карпош ги исполнува прописите

Од досегашната контрола на станбените објекти во Општина Карпош утврдено е дека само една од 800 згради во општината ги исполнува сите законски прописи за безбедност, соопшти денеска градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

„По проверките на станбените објекти, рестораните, кафулиња, диско клубовите, ноќните клубови, одѕивот беше многу голем. Досега се отповикале 330 влезови од згради. Инаку, Општина Карпош има 820 згради и 1.500 влезови. Значи, досега одговориле 330 и уште 250 се јавиле на нашите телефони за дополнителни инструкции. Од онаа контрола што е направена од нашите инспекциски служби, само една зграда е исправна, како што викаат по ПС (правила на службата). Тоа е зградата на Адора. Значи има 41 противпожарен апарат. Во 18 станови исто така има ПП апарати. Има повеќе апарати со ЦО2 за гасење на пожар од електрична инсталација. Има уште еден специјален систем за гасење на пожар, панични светла и сѐ што треба по ПС. Значи само една зграда во Карпош е таква каква што треба, како што бара законот. За жал не можеме истото да го кажеме за другите згради“, рече Јакимовски.

Градоначалникот соопшти дека информациите што ги добиваат службите во општината ги праќаат до Дирекцијата за заштита и спасување, но оттаму нема никаков повратен одговор.

„Сите овие добиваат инструкции што треба да направат од страна на нашите служби. Нашите служби се јавуваат директно во Дирекцијата за заштита и спасување, праќаат мејлови… но ги нема нигде. Дали се отселени на друга планета, или што се случува со нив, за да ние тоа го работиме во координација, за евентуално инструкции да добиеме во оваа работа, но за жал тоа го работиме сами, иако најодговорен за оваа работа е ДЗС“, вели Јакимовски.

Првиот човек на општината информира и дека се пишани 21 казна на локали кои воопшто не отпочнале постапка за обновување на дозвола, една казна е напишана за неисполнување на еколошките стандарди, а два ноќни клубови одбиваат соработка со инспекторите, при што едниот се заканувал дека тој бил закон.

Што се однесува до почитување на еколошките стандарди, проверени се 110 објекти, од нив кај 90 сѐ е во ред, на 18 соодветните елаборати им се во постапка на изработка, еден е во тек на реновирање, и на еден му е пишана казна затоа што и претходно бил опоменуван и не постапил согласно напатствијата на инспекторот за екологија, додаде Јакимовски.

„Правните лица секаде имаат ПП апарати, хидранти итн… значи со правните лица имаме најмалку проблем. Што се однесува до кафеаните, кафулињата, ноќните клубови, дискотеките, состојбата е следна: од 115 проверени сите имаат ПП апарати, во 60 летните тераси се во ред, пишана е 21 казна бидејќи воопшто не ја отпочнале постапката за обновување на дозволата и остатокот се во постапка за добивање на согласност во Град Скопје. Овде морам да кажам дека со новиот Закон за локална самоуправа треба да се прекине со тоа двојство. Значи на територија на Општина Карпош ако издаваме одобренија за градби, треба да издаваме и одобренија за овие тераси. Зашто ни се летни тераси? Ни се случува двојство. Често пати граѓаните не се согласуваат со дадената дозвола за тоа место, а тоа често пати се прави и без консултација со локалната самоуправа. Морам да кажам дека два ноќни клубови не соработуваат со инспекторите. Тоа се клубовите 'Пјур' и 'Мош'. Не соработуваат. Дури за едниот клуб, колегата има поведено постапка како дивоградба пред неколку месеци и кога го посетил сопственикот го прашал зошто доаѓа? Вика, затоа што законот така бара… Тој му одговорил дека и тој бил закон! Јас одговорно тврдам дека овие сопственици на ноќни клубови се сива еминенција во средините каде што живеат и си дозволуваат малку повеќе од тоа што треба. Значи и покрај тоа што одбиваат соработка, ние ќе ја тераме постапката до крај и како што бара законот односно отстранување на нивните објекти“, нагласи градоначалникот Јакимовски.

Remote video URL
реклама

Неделен хороскоп за секој знак од 21 до 27 април

Read more

Турција забрани царски рез во приватните клиники

Read more

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Read more

Ќе се гради нов Скопски саем

Read more

Македонија

Судот ја одби гаранцијата од милион евра на Асмир Јахоски

Read more

Времето утре претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Read more

УЈП: Даночните обврзници имаат рок до петок да поднесат ДДВ – 04 пријави

Read more

МВР апелира: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

Read more
 

Вести

Кој го води Ватикан до изборот на следен папа?

Читај повеќе

Судот ја одби гаранцијата од милион евра на Асмир Јахоски

Читај повеќе

Турција забрани царски рез во приватните клиники

Читај повеќе

Маск ја среди администрацијата на Трамп, па ќе се посвети на Tesla

Читај повеќе

Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Читај повеќе

Времето утре претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Објавени последните зборови на папата

Читај повеќе

ММФ: Светската економија значително ќе забави, на САД драстично

Читај повеќе

УЈП: Даночните обврзници имаат рок до петок да поднесат ДДВ – 04 пријави

Читај повеќе