Свет

Јакната на Меланија Трамп - модно промашување со политички последици

22. јуни 2018 - 9:51 | А.С.

Првата дама на САД Меланија Трамп беше мета на критики за изборот на јакна кога одеше во посета на децата мигранти во прифатните центри на мексиканската граница во Тексас.

Нејзината модна грешка беше што на задниот дел од јакната на Zara има натпис: „Навистина не ми е гајле, а тебе?“ што е потполно несоодветно за една прва дама, уште помалку кога оди на настан што е поврзан со контроверзните политики на нејзиниот сопруг.

Ова е пред сѐ пропуст на нејзиниот тим и е просто неверојатно како вакво нешто успеа да се „протне“ низ строгиот протокол на Белата куќа.

Нејзината портпаролка Стефани Гришам побрза да објасни дека „нема скриена порака“ во модниот избор на првата дама. „Објаснувањето“ беше со краток век, бидејќи Доналд Трамп се истрча да ја одбрани Меланија на Twitter и напиша:

„Натписот ’Навистина не ми е гајле, а тебе?’ на грбот на Меланија се однесува на лажните вести. Меланија дозна колку се нечесни и навистина веќе не ѝ е гајле.“

Меланија веќе не ја носеше јакната кога стигна во Тексас, но веќе беше доцна – корисниците на социјалните мрежи веќе бурно реагираа.

Коментирај