Јамал: Барселона е фаворит за освојување на Лигата на шампионите

Барселона е еден од најдобрите тимови оваа сезона. Уште не знаат за пораз во 2025 година и се во игра за освојување на секој можен трофеј сезонава. Тимот е полн со самодоверба, особено Ламин Јамал, ​​кој верува дека тој и неговите соиграчи и тоа како ја заслужуваат титулата во Лигата на шампионите.

Ретко може да се види вундеркинд како што е Јамал. Има само 17 години, а во колекцијата веќе има трофеј од Ла Лига, шпански Суперкуп и трофеј од Европско првенство. Што се однесува до индивидуалните награди, ги освои трофејот Копа и Златно момче, кои се доделуваат на најдобриот млад фудбалер на годината.

„Сега кога Ливерпул е елиминиран од Лигата на шампионите, мислам дека сме фаворити за освојување на ова натпреварување. Не се плашиме од ниту еден тим, ние сме семејство... Не сме исти како пред една година кога загубивме од ПСЖ“, изјави Ламин Јамал ​​за шпански Sport.

Барселона е на спротивната страна на ЛШ нокаут шемата од Реал Мадрид, со кој води голема битка за освојување на Ла Лига. Иако не е огромна, постои теоретска шанса двата лути шпански ривали да се сретнат во финалето на Лигата на шампионите, што би било прв пат во историјата на фудбалот.

Каталонците го држат водството пред „Кралскиот клуб“ оваа сезона. Беа немилосрдни на две средби годинава. И двата пати беа во улога на убедливи победници. Прво славеа со 4:0 во домашното првенство, а потоа со 5:2 во финалето на Суперкупот. Сепак, младиот шпански репрезентативец смета дека ривалството не е толку едноставно како што сугерираат резултатите.

„Ние сме тимот што му нанесува најголема штета на Реал Мадрид. Но, тоа може да се каже и за нив кога е во прашање Барселона“, заклучи Јамал.

Следното „Ел Класико“ е закажано за 11 мај во натпревар од 35-тото коло на Ла Лига, кој најверојатно ќе го реши шампионот. Дотогаш Барселона има многу напорен распоред. На почетокот на април ќе се сретне со Атлетико во реваншот од Купа дел Реј, по што ќе следи двомеч со Борусија Дортмунд во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

реклама

Фудбал

Серија А ги одложи саботните натпревари поради погребот на папата Франциск

Read more

Реал без Мбапе против Хетафе, неизвесен е и за финалето на Копа дел Реј

Read more

Судиска анализа на ФФМ: Голот на Вардар е регуларен, на Силекс не е

Read more

УЕФА подели 233 милиони евра – македонските клубови добија трошки

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ го напушта Милано?

Читај повеќе

Серија А ги одложи саботните натпревари поради погребот на папата Франциск

Читај повеќе

Реал без Мбапе против Хетафе, неизвесен е и за финалето на Копа дел Реј

Читај повеќе
  • play_arrow

Судиска анализа на ФФМ: Голот на Вардар е регуларен, на Силекс не е

Читај повеќе

УЕФА подели 233 милиони евра – македонските клубови добија трошки

Читај повеќе
  • play_arrow

Бизарна врска: Клупската членска цело време го криела времето на смртта на папата?

Читај повеќе

Каква улога ќе има Модриќ во Свонси?

Читај повеќе

Marca: Ал Наср подготвува тим од соништата

Читај повеќе

Барселона без Левандовски против Реал и Интер?

Читај повеќе