Останати спортови
ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ТОКИО 2020

Јамашита: Одложувањето на ЛОИ 2020 е како бојкотот на Москва 1980

25. март 2020 - 16:36 | МИА

Претседателот на Јапонскиот олимписки комитет, Јасухиро Јамашита, го спореди одложувањето на Олимпијадата во 2020 година во Токио со ситуацијата околу Олимпијадата во 1980 година во Москва.

– Наскоро ќе наполнам 63 години и има толку многу незамисливи или неочекувани работи во мојот живот. Се сеќавам на Олимписките игри во Москва, сега ова се претвора во нешто слично. Одиме на Игрите во 2021 година со свежа сила, нема откажување. Сакам да го поминеме овој предизвик до следната година, изјави Јамашита.

Вчера, претседателот на МОК, Томас Бах и јапонскиот премиер Шинзо Абе се согласија да ги одложат Олимписките игри во 2020 година во Токио поради пандемијата на коронавирусот, со услов Игрите да се одржат не подоцна од летото 2021 година.

Летните олимписки игри во 1980 година во Москва, од политички причини, беа бојкотирани од десетици земји, вклучително и Јапонија. Пред одлуката за одложување на Олимписките игри во 2020 година, многу национални Олимписки комитети најавија дека нема да учествуваат со цел да ја обезбедат безбедноста на своите спортисти и неможноста да се подготват. 

Коментирај