Македонија

Јанакиевски, Пешевски и Груевски на судење за случајот со изградбата на автопатите

14. февруари 2018 - 10:08 | Макфакс

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржи рочиште за предметот „Траекторија“, а помеѓу обвинетите се наоѓаат поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексминистерот Миле Јанакиески.

Во овој предмет обвинети се четири поранешни владини функционери, осомничени дека во 2012 и 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Обвинети злоупотреби за изградбата на автопатите се пораншениот вицепремиер, Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот премиер, Никола Груевски.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, потврди дека на 23 јануари годинава ќе сведочи во СЈО за случајот „Траекторија“. Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања по увидот во градежните работи на наплатната рампа Сопот, посочи дека е повикан во СЈО како претставник на државата.

Коментирај